fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а...

Вистиномер: Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење пласирано преку социјалните мрежи: Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со наслов: „Лоша Вест Доцна Вечерва: „Омикрон“ Влезе Во Македонија – Ова Се Најновите Детали“, додавајќи во постот дека доктор Никола Пановски поради тоа барал...

Вистиномер: Јужна Африка прва го пријави сојот Омикрон во СЗО

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење во врска со најновиот сој на корона вирусот: Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции...

Вистиномер: Кои лекови најмногу се користат во битката со ковид-19?

Речиси две години во ковид пандемијата светот се бори со заразата како знае и умее. Здравствените власти ширум светот од почетокот на пандемијата и без постоење на вакцина, се најдоа пред голем предизвик: Како да го третираат коронавирусот?, пишува „Вистиномер“. Подолу го пренесуваме текстот во целост: Набрзо стана јасно дека специфичен лек нема, а дека сите лекарства кои се користат и...

Вистиномер: Има разумен одговор зошто некои земји не пријавиле заболени од ковид-19

Заклучно со 22 ноември само четири земји во светот не пријавиле ниту еден случај на заболен од коронавирусот. Тоа што немаат пријавено заболени не значи дека и фактички нема ниту еден заболен во овие земји. Исто така, тоа што само четири земји не пријавиле ниту еден случај на коронавирус не значи дека вирусот не постои и дека го има...

Вистиномер: Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

Постојат дијагностички потврдени случаи на ковид-19 во целиот свет вклучително и во Република Северна Македонија.Ппостојат сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид. Има глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, бидејќи ковид е...

Нови 434 случаи со ковид-19, бројката на починати надмина 7.500

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во земјава во последните 24 часа биле направени 3.026 тестирања. Најновата бројка на жртви на овој вирус, пак, надмина 7.500. Со тестирањата извршени во изминатово деноноќие, биле регистрирани 434 нови случаи на ковид-19: Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово...

Се шири стравот од новиот сој на корона вирусот во светот, граничните рампи се спуштаат

По подемот на новиот опасен сој на корона вирусот којшто потекнува од Јужноафриканската Република, во светот полека почнуваат да се ограничуваат можностите за патување, извести британскиот јавен радиодифузер Би-Би-Си. Додека се чека негово „кратко“ именување, новиот сој сега е познат како B.1.1.529 Неговото ширење беше идентификувано оваа седмица и тоа ги натера Обединетото Кралство, Сингапор и Јапонија, но и други држави,...

Вистиномер: Фејсбук објава шири дезинформација дека од вакцините се умира

Во нашата држава се аплицирани 1.662.152 дози на вакцини заклучно со 18.11.2021 година. Податоците од Министерството за здравство говорат дека 39 отсто од целата популација во нашата земја има примено вакцина против ковид-19, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Па, според конспирациската теорија којашто тврди дека вакцините предизвикуваат смрт на населението, ова би значело...

Две дози вакцина против ковид-19 до сега примиле 38 отсто од граѓаните

Во петокот и во саботата биле дадени вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се прва доза, а 1.163 граѓани биле ревакцинирани. Трета доза вакцина против ковид-19 примиле 2.061 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Според статистиките од Министерството, заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. Дури 57 отсто од граѓаните...

Првиот пациент со ковид-19 бил на пазарот за животни во Вухан, открива нова американска студија

Според нова студија на научник од САД, првиот пациент, односно „нултиот“ пациент со ковид-19 била продавачка на пазарот за животни во кинескиот град Вухан и таа е регистрирана на 11 декември 2019. Досега во голем дел се сметаше дека првиот пациент е маж, сметководител, регистриран на 8 декември, а кој немал поврзаност со пазарот за животни, посочува „Гардијан“. Студија направена...

Вистиномер: Фејсбук објава паушално тврди дека ковид е лага

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега...

Денеска 399 нови случаи на ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерство за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија...

Полициски час во Косово од денеска до 13 септември

Премиерот на Косово, Албин Курти најави нови мерки поради новиот раст на новозаболени од ковид-19. Вчера во Косово имаше дури 36 смртни случаи од ковид. Со новите мерки, ќе се одложи почетокот на учебната година на 13 септември, до кога ќе трае и режимот на полициски час, кој почнува денеска. Ќе биде забрането движењето меѓу 22 и 5 часот. „Секој...

Вистиномер: ПЦР тестот не се исфрла од употреба, туку се подобрува за да детектира истовремено и ковид и инфлуенца

Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Нејасно видео со анонимни француски научници шири невистини за составот на вакцините

Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно...

Регистрирани 54 нови случаи на ковид-19, нема починати пациенти

Министерството за здравство соопшти дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во изминативе 24 часа во земјава се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и...

Нови 10 случаи на ковид-19, двајца пациенти починале во изминативе 24 часа

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19: Скопје – 7, Прилеп, Тетово и Струга – по 1. Во истиот временски период се регистрирани 16 оздравени пациенти: Тетово – 10, Скопје и Гостивар – по 2, Прилеп и Штип – по 1. Пријавени се две починати...

Нови 36 случаи на ковид-19 од 3.569 тестирања, оздравени 12 болни, нема починати

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на ковид-19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје...

Почна церемонијата за отворањето на Летните олимписки игри во Токио

Свечената церемонија на отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио започна во 13 часот, а за првпат во својата историја спектакуларниот настан се одржува пред минимален број на гости, јавува Би-би-си. Како публика на токискиот стадион има само околу 1.000 присутни делегати и останати гости. Поради ковид пандемијата, ЛОИ во Токио се соочуваат со низа на проблеми. До 8...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...