Нови 10 случаи на ковид-19, двајца пациенти починале во изминативе 24 часа

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19: Скопје – 7, Прилеп, Тетово и Струга – по 1.

Во истиот временски период се регистрирани 16 оздравени пациенти: Тетово – 10, Скопје и Гостивар – по 2, Прилеп и Штип – по 1.

Пријавени се две починати лица од: Гостивар (67г) и Тетово (62г), кои починале во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 955.617 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на позитивни случаи од почетокот на епидемијата изнесува 156.086, бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 300.