Полициски час во Косово од денеска до 13 септември

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Премиерот на Косово, Албин Курти најави нови мерки поради новиот раст на новозаболени од ковид-19. Вчера во Косово имаше дури 36 смртни случаи од ковид. Со новите мерки, ќе се одложи почетокот на учебната година на 13 септември, до кога ќе трае и режимот на полициски час, кој почнува денеска. Ќе биде забрането движењето меѓу 22 и 5 часот.

„Секој кој ќе ги прекрши мерките ќе биде парично казнет, ја зголемуваме полициската контрола, а инспекторите ќе ја зголемат контролата во продавниците и трговските центри“ изјави Курти, пренесува „Коха диторе“.

За влез во Косово треба да се поседува доказ за комплетна вакцинација или барем една доза, негативен ПСР тест кој не е постар од 72 часа, потврда за прележан вирус или брз негативен тест за антитела кој не е постар од 48 часа.