Регистрирани 54 нови случаи на ковид-19, нема починати пациенти

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во изминативе 24 часа во земјава се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 966.813 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.