fbpx

Денеска 399 нови случаи на ковид-19, пријавени 17 починати лица

-

Министерство за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).

Од пријавените починати лица, 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година.

Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар – по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе – по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија – по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево – по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино – по 3, Берово и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052, бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 10.816.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...