fbpx
Таг: контрола

таг: контрола

Данска ја задржува контролата на границата со Германија

Данската влада одлучи да ја продолжи контролата на границата со Германија за уште 20 дена, до 23 февруари, соопшти Ингер Стојберг, министерка за имиграција и за интеграција. Стојберг во парламентот изјави дека постои можност во Данска да пристигнат голем број мигранти и бегалци. Според нејзина процена, Шведска би требало да воведе контрола на својата граница.

ЕК: Грција сериозно ја запоставила контролата на границите

Грција „сериозно ги запоставила“ своите обврски за контрола на надворешните граници на Европската унија во текот на мигрантската криза, било наведено во нацрт-извештајот на Европската комисија, јавува „Би-Би-Си“. Процените што биле направени по посетата на тим на ЕК на Грција во ноември минатата година, покажуваат сериозни недостатоци на грчкото менаџирање на надворешните граници. Нацрт-извештајот, како што пренесува британскиот национален сервис, нотира пропусти...

Нова бегалска трагедија во Егејско Море

Нова бегалска трагедија се случи во водите на Егејско Море. Изутринава својот живот при транспорт од Турција го изгубија 20 бегалци при потонување на гумени чамци што ги пренесувале кон грчкиот брег. Трагедијата се случила во раните утрински часови, во близина на островите Фармакониси и Калолимнос, кога два чамци се превртеа на патот кон копното. Грчката крајбрежна полиција засега спаси околу шеесетина...

Илјадници Полјаци излегоа на протести против владината контрола на јавните медиуми

Десетици илјади Полјаци вчера излегле на улиците во повеќе градови во земјата на протести против одлуката на конзервативната влада да ги стави под своја контрола јавните медиуми. Најголемиот протест, пренесува ХРТ, бил одржан во Варшава пред седиштето на јавната телевизија. Во центарот на градот протестирале околу 20.000 луѓе, кои мавтале со полски и со знамиња на Европската унија, извикувајќи „Слободни...

Строги контроли за влез на бегалците во Шведска

Од денеска сите патници што доаѓаат во Шведска од Данска преку мост или низ тунел со воз, автобус и со траект, пред да ја минат границата, ќе мора да покажат документи со слика. Патниците се предупредени дека се очекуваат долги редови и доцнења затоа што регулативата за проверка стапила на сила на полноќ од данска страна на мостот и на тунелот...

Царината заплени 35 литри алкохолни пијалаци без бандероли во Охрид и Струга

Мобилните тимови на Царинската управа при контрола на малопродажни и угостителски објекти на територијата на општините Охрид, Струга и Вевчани, откриле и заплениле алкохолни пијалаци без бандероли. Од угостителски објекти во Охрид и Струга привремено биле задржани 26,2 литри ракија и вкупно 8,75 литри други алкохолни пијалоци, како узо, виски и амарето. Сите привремено задржани алкохолни пијалоци не биле означени со...

Меркел: Во контролата на границите на ЕУ треба да учествуваат сите земји-членки

Сите земји-членки на Европската унија (ЕУ) треба да бидат подготвени да испратат безбедносен персонал за контрола на надворешните граници на унијата, изјавила германската канцеларка, Ангела Меркел, при пристигнувањето на денешната средба на лидерите на ЕУ во Брисел, јавува „Би-Би-Си“. Меркел, во тој контекст, изјавила дека не би било фер од членките на ЕУ кои досега примиле најголем број бегалци, баратели...

На Деве Баир запленето поголемо количество оружје

На граничниот премин Деве Баир, вчера во 19 часот при контрола на возило марка „тојота“ со бугарски регистерски таблички, откриено е поголемо количество оружје. „Забележано е дека возачот на возилото, К.Е.К. (1945) од Република Бугарија, на појасот носи огнено оружје, по што извршен е претрес над истиот и пронајден е еден пиштол марка ТТ со калибар 7,62 милиметри, 39 парчиња...

УЈП затвори шест нелегални обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар

Полициски екипи и инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) во средата оваа недела, извршиле контрола во осум обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар и во шест од нив констатирале дека организаторите на игри на среќа работат без лиценци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради незаконско работење, од обложувалниците, инспекторите на УЈП одзеле пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи...

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и талибанците околу градот Кундуз

Жестоките борби околу градот Кундуз, во северниот дел на Авганистан, продолжиле и ноќеска, еден ден откако авганистанските безбедносни сили почнаа акција за да го повратат градот што во понеделникот беше заземен од талибанците, јавуваат светските агенции. Официјални лица од војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопштиле дека синоќа извршиле два нови воздушни напади врз позициите на талибанците. Како што јавуваат медиумите, вчера...

Словенија воведува привремени гранични контроли

Словенија ќе воведе привремена погранична контрола на својата граница со Унгарија поради бегалската криза, изјави денеска премиерот Миро Церар. Словенија, која се граничи со Австрија, Италија и со Хрватска, се подготвува за прилив на мигранти откако Унгарија ја затвори својата граница со Србија, поради што повеќе стотини мигранти се насочиле кон Хрватска. Бегалската криза утринава се префрли и во Хрватска, откако...

И Австрија воведува контрола на границите

Австрија ќе воведе привремени гранични контроли, соопшти денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер. Таа истакна дека Виена, исто како и Германија, поради актуелната бегалска криза, ќе воведе „привремени гранични контроли“. Микл-Лајтнер, која престојува во Брисел, објасни дека за тоа веќе е информирана и Европската комисија. - Ние ќе дејствуваме како Германија – рече таа. Австриската министерка рече дека граничните контроли ќе...

Струмичанец нелегално превезувал мигранти

Триесети и двегодишен струмичанец вчера бил приведен во Гевгелија откако бил затекнат од полицијата како со возило нелегално превезува мигранти, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, нивна екипа околу 14 часот извршила контрола на возило, марка „пежо“, кое било паркирано на улицата Борис Кидриќ, пред полициската станица за граничен надзор на преминот Богородица. Возачот С.Д.М. (32) од Струмица, како...

Австрија ја „отвори вратата“, бегалците пристигнаа во Виена

Неколку стотици бегалци со повеќе возови пристигнаа од Будимпешта во Виена, соопшти австриската полиција. По пристигнувањето на виенската станица Вестбанхоф, голем дел од бегалците се прекачиле во друг воз и се упатиле кон Салцбург, а друга група заминала за Минхен. Целиот процес бил надгледуван од полицијата. Австриската железница претходно соопшти дека еден воз бил задржан на граница затоа што бил преполн,...

ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија

Во согласност со меѓународните закони, Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова денеска преку го соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната...

Жител на Теарце незаконски организирал игри на среќа

Четириесет и тригодишен жител на тетовското село Теарце е осомничен дека незаконски организирал игри на среќа во објект во селото, информира полицијата. Според пријавата, поднесена од Секторот за внатрешни работи Тетово, М.Р. (43) се товари за кривично дело приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од належен орган според Законот за игри на среќа и за забавни игри. Како што...

При полициска контрола во ноќен бар во Тетово, затекнати 10 странски државјанки

Инспектори на Регионалниот центар за гранични работи Север викендов извршиле контрола на ноќниот бар „Енерџи клуб“ на регионалиот пат Тетово - село Сарачино и затекнале 10 странски и три македонски државјанки, кои незаконски работеле во локалот, соопшти МВР. Од странските државјанки, на возраст од 20 до 30 години, девет биле од Србија и една од Албанија. При контролата, во објектот биле...

Кинеските власти со нов закон ја зголемуваат контролата над информатичката безбедност

Контроверзниот закон за национална безбедност, со кој се затега владината контрола врз многу области од секојдневниот живот, добил зелено светло од кинеските законодавни органи, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, законот во голема мера ја дефинира националната безбедност како следење на сè, од финансии и компјутерска безбедност до религија. Според кинеските државни медиуми, законот ќе ги „штити фундаменталните интереси на...

Парламентарна комисија во сефте контрола на Агенцијата за разузнавање

Седум пратеници од Комисијата за надзор над работата на безбедносните служби при Собранието, која се доекипираше минатата седмица, денеска беа во контрола на Агенцијата за разузнавање (АР), која функционира под надлежност на шефот на државата, пренесува „Утрински весник“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој во случајов е претседавач со групата, Иван Иванов, Васил Пишев, Нада Ципушева и Сашо Василевски, како...

Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали

Екипа на тетовската полиција ноќеска спровела контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Тетово и на Гостивар и во дел од нив затекнала дваесетина странски државјанки, за кои постојат сомневања дека го злоупотребиле туристичкиот престој во земјава, работејќи како танчерки во локалите. Според полицијата, странски државјанки биле затекнати во локалите во Тетовско, додека во двата угостотелски објекти во Гостиварско,...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...