fbpx

Строги контроли за влез на бегалците во Шведска

-

Од денеска сите патници што доаѓаат во Шведска од Данска преку мост или низ тунел со воз, автобус и со траект, пред да ја минат границата, ќе мора да покажат документи со слика.

Патниците се предупредени дека се очекуваат долги редови и доцнења затоа што регулативата за проверка стапила на сила на полноќ од данска страна на мостот и на тунелот Оресунд, од каде во Шведска стигнаа голем број бегалци.

Целта на мерките е да се спречи влезот на мигрантите без документи во Шведска, која соопшти дека веќе не може да се избори со преголемиот прилив.

Привремена ограда е поставена на аеродромот „Каструп“ во Копенхаген, каде возовите ќе бидат запирани поради задолжителните контроли.

Ова е првпат повторно да се воспостави контрола на границите меѓу нордиските земји, по половина век.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...