fbpx
Таг: контрола

таг: контрола

ДИК: Имаме целосна контрола врз печатењето на доверливиот изборен материјал

Дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно 80.000 испечатени пробни гласачки ливчиња, Државната изборна комисија ги демантира во целост, се вели во соопштението на ДИК. Реакцијата следува откако „Мета“ денеска објави дека печатницата „Киро Дандаро“, која официјално ги печати гласачките ливчиња за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, во саботата...

Сириската војска тврди дека контролира повеќе од половина од источниот дел на Алепо

Сириската војска ја презела контролата на повеќе од 50 осто од источното подрачје на Алепо, кое го држеа бунтовничките сили, изјавил денеска потрпаролот на сириската војска, генералот Самир Сулејман. Сулејман за „Би-би-си“ вели оти се надева дека за неколку недели целиот град ќе биде во рацете на државните сили. Сириската војска во изминатите три недели од бунтовниците презеде големи подрачја од источниот...

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо, во рамките на големата офанзива за преземање целосна контрола над градот од бунтовничките сили, соопштила денеска сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазела квартот Тарик ал Баб и сега контролира 60 отсто од источниот...

„ТАВ Македонија“: Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и функционира нормално

Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и ависообраќајот се одвива нормално по синоќешното одложување на летот од Скопје за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“, соопшти „ТАВ Македонија“. Од компанијата соопштуваат дека вчера, во текот на редовната безбедносна контрола на авионот за вечерниот лет кон Истанбул, бил пронајден оставен мобилен телефон, по што била извршена дополнителна контрола и по неколку часа авионот полетал. „Поради безбедносните правила...

Исчезнало оружје од воен магацин во Белград

При редовна контрола на воен магацин во гарнизон во Белград, било откриено дека исчезнало поголемо количество полуавтоматски пушки и муниција, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Министерството за одбрана на Србија денеска соопшти дека недостигаат 70 полуавтоматски пиштоли, пет автоматски пушки и два сандака муниција, калибар 7,62 и 9 милиметри. Српскиот министер за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, и началникот на генералштабот на војската...

ЕУ ја продолжи контролата на внатрешните граници

Европската Унија денеска одобри привремената контрола на границите во Унијата да биде продолжена за уште три месеци, за да се контролира мигрантската криза. Европската комисија минатиот месец им препорача на Австрија, Данска, Германија, Швајцарија, но и на Норвешка, која не е членка на ЕУ, да ги продолжат контролите на границите до 15 ноември. Интерната контрола е наметната поради ограничувањето на влезот...

Агенцијата за храна и ветеринарство не нашла стиропор во тортите во скопската слаткарница

Агенцијата за храна и ветеринарство не нашла стиропор во ниту една торта во позната скопска слаткарница во која извршиле инспекциски надзор, информираат од Агенцијата. Инспекцискиот надзор бил спроведен по поднесена претставка од граѓанин, со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор. „Од страна на инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не...

Кичевец се обидел да прошверцува 22 златници на „Александар Велики“

Царински тим на скопскиот аеродром „Александар Велики“, вчера попладне, во багажот на македонски државјанин, кој пристигнал од Рим, открил 22 златници вредни 12.000 американски долари, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираат оттаму, станува збор за кичевецот Н.Р., кој, иако се упатил кон зелениот канал, каде минуваат патници кои немаат што да пријават, цариниците сепак го селектирале за детална...

Димова: Владата се задолжува со пари што може да ги троши без контрола

„Оваа криминално-корупциска власт намерно бега од ИПА-фондовите и од достапните европски пари, за да може да се задолжува со пари што може да ги троши без контрола“, истакна пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, на денешната прес-конференција, по повод одлуката на Владата за издавање еврообврзница во износ од 650 милиони евра. Според неа, парите од ИПА-фондовите е тешко да се користат без контрола...

Приведен возач на камион кој превезувал мигранти

Полициски службеници при контрола на товарно возило, марка „волво“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од М.Д.(35) од Велес, на локалниот пат од селото Речица кон селото Ваксинце, пронашле 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и од Бангладеш, кои возачот ги превезувал за одреден паричен надомест. Возачот е приведен и се него се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка. Како што известуваат...

ЕУ подготвува замена за Фронтекс

Советот на Европската Унија денеска го одобри предлогот на Европската комисија за создавање нова гранична служба, која ќе биде замена за Фронтекс. Сепак, одлуката на Советот треба да биде изгласана во Европскиот парламент и да мине низ уште една процедура на гласање од министрите на ЕУ, пред да стапи на сила. Во согласност со предлогот, новата служба, која ќе биде составена од 1.500...

Камерон: Нема контрола за мигрантите ако излеземе од ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека контролата на мигрантската криза е можна само доколку Велика Британија остане во Европската Унија. Како што рече тој, целосно лудо е да се помисли дека контролата е можна со гласањето за напуштање на Унијата. Камерон додаде дека неговата идеја за смалување на бројот на мигранти на помалку од 100.000 може да се спроведе и со останување...

Милитантите во Либија презеле контрола врз три населени места

Во западниот град Мисрата во Либија, милитантите ја презеле контролата врз три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа Абу Граин, соопшти претставник на либиска милитантна група. Тој додаде дека воените авиони извршиле напад врз силите на ИД додека тие се повлекувале од позициите. Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, а 17 се ранети.

Брисел: Граничните контроли би чинеле 18 милијарди евра

Европската комисија денеска процени дека повторното воведување на гранични контроли во регионот на Европа во кој се патува без пасош, годишно би ја чинело Унијата околу 18 милијарди евра. Некои членки на Унијата, вклучувајќи ја и Германија, привремено ги зајакнаа граничните контроли поради бранот бегалци. Брисел денеска објави дека директниот трошок за трајна контрола на границите би чинел меѓу 5 милијарди и...

„Алкалоид“ отвори нов центар за контрола на квалитет на лекови

Нов центар за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје денеска е пуштен во употреба. Станува збор за капитална инвестиција вредна повеќе од пет милиони евра. Центарот за контрола на квалитет на лековите е опремен со високософистицирана опрема од реномирани светски производители, според најстрогите стандарди за добра производствена практика. - Во центарот за контрола на квалитет ќе работат повеќе од 100 високостручни извршители,...

Македонски државјанин фатен со 99.000 евра и со 47 пакети злато на српската граница

Српски цариници при контрола на возило марка „фолксваген пасат“, со кое управувал македонски државјанин, пронашле големо количество девизи и златен накит, јавуваат српските медиуми. Возилото било пријавено за влез во Србија, а парите и златото биле пронајдени сокриени кај менувачот на автомобилот. Според првичните информации, станува збор за сума од 99.000 евра и за 47 пакети со злато, кое сè уште...

Царинската управа заплени 22 килограми марихуана

Царинските службеници од одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 23. 20 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, селектирале за контрола патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин. При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, биле пронајдени 40 пакувања обвиткани со леплива лента и со алуминиумска...

ЕУ и даде две недели на Грција да ја подобри контролата на границите

Европската Унија денеска ја повика Грција во рок од две недели да го подобри планот за зајакнување на границата со цел да се намали преливот на мигранти. Брисел побарал од Атина да изготви план откако стотина мигранти влегле во Грција, а Германија, Австрија, Данска и Шведска ја зајакнаа контролата на своите граници. Европската комисија во своето соопштение навела дека е неопходно...

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Договорот од Пржино

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови што треба да ги внесат податоците од теренската проверка на избирачкиот список во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. - Министерката Арсовска-Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле...

Валс бара да се зајакне контролата на границите на ЕУ

Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека е потребно итно зајакнување на контролите на границите на Европската Унија по бомбашките напади во Брисел, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава. - Итно е потребно да се зајакнат надворешните граници на ЕУ – рече Валс, додавајќи дека е неопходно да се запрат луѓето што влегуваат во Европа со лажни пасоши, а имајќи...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...