fbpx

Кинеските власти со нов закон ја зголемуваат контролата над информатичката безбедност

-

Контроверзниот закон за национална безбедност, со кој се затега владината контрола врз многу области од секојдневниот живот, добил зелено светло од кинеските законодавни органи, пренесуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, законот во голема мера ја дефинира националната безбедност како следење на сè, од финансии и компјутерска безбедност до религија.

Според кинеските државни медиуми, законот ќе ги „штити фундаменталните интереси на народот“.

Инаку, новата легислатива е дел од пакетот политики на кинескиот претседател Кси Џинпинг, кои предизвикаа остри критики од странските влади, фирми и од борците за човекови права.

Според медиумите, нејасно формулираниот закон им дава овластување на државните власти да ги преземат „сите неопходни чекори“ за да го заштити кинескиот суверенитет.

Голем број странски фирми за технологија, кои имаат свои бизниси во Кина, се загрижени бидејќи поради новиот закон, најверојатно, ќе бидат принудени да доставуваат сензитивни информации на кинеските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...