fbpx

ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија

-

Во согласност со меѓународните закони, Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова денеска преку го соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната граница. Комисијата е подготвена и натаму да и дава хуманитарна помош на Македонија, пишува во соопштението на прес-службата на Хан што ја пренесува „Танјуг“.

Во сооштението пишува дека ЕУ досега обезбедила 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, како и дека во завршна фаза е програмата за помош на регионот на Западен Балкан и Турција во вредност од осум милиони евра што треба да биде спроведен веќе во септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...