fbpx
Таг: Клиника за онкологија

таг: Клиника за онкологија

Онколошките пациенти со апел да се пријават сите злоупотреби на Клиниката за онкологија

Тројца онколошки пациенти денеска беа примени на разговор во Јавното обвинителство, од страна на Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО, Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот и Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство. Овие пациенти, како што веќе објави Мета.мк, секојдневно во 19 часот протестираат пред обвинителството, со барања за вина и одговорност, а во однос на сомнежите...

Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!

По завршените работни обврски и два родителски состанока, 41-годишната Ана Марјановиќ и вчера, трет ден по ред, со своите „соборци“ стои со транспарентот во рака пред Јавното обвинителство, барајќи одговори за случајот со Клиниката за онкологија - дали имало злоупотреби со терапиите што ги примале пациентите болни од рак и дали ќе има одговорност. Како пациент на клиниката, дијагностицирана...

Меџити во посета на Клиниката за онкологија: Терапијата е соодветна и нема злоупотреби

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово присуствувал на стручниот онколошки колегиум на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот, информираат од Министерството за здравство. Министерот Меџити со лекарите разговарал за воспоставениот систем на работа на оваа клиника од скопскиот Клинички центар, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој...

Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

Барањата за одговорност и целосно расчистување на случајот со сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија не запираат. Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за политичките и здравствените функционери. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за...

На протест се бараа оставки за случајот со Клиниката за онкологија

Попладнево на протест излегоа граѓани кои бараат расветлување на скандалот со Клиниката за онкологија, откако медиумите објавија сомнежи за злоупотреби со терапијата на болните од рак. Додека МВР и обвинителството, според денешното соопштение, вршат распит на лица и собираат докази, граѓани се собраа пред Владата, извикувајќи „убијци, убијци“ и палеа свеќи за жртвите на здравствениот систем во земјава. Повеќе граѓани...

Раководството на Клиниката за онкологија и друг лекарски и медицински персонал соработува со обвинителството

Во предистражната постапка за евентуални злоупотреби на Клиниката за онкологија соработува и помага и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал, информираше денеска Јавното обвинителство, по објавите во медиумите дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Од обвинителството ги охрабруваат сите...

Реакции за скандалите на Клиниката за онкологија, се бара одговорност

„Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за скандалот на Онкологија, бараат расчистување на случајот

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со меѓусебни обвинувања поврзани со скандалот на препродажба на скапа терапија за болни од карцином на Клиниката за онкологија и со барања случајорт да се расчисти. Д-р Лазо Јовчески, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека последниот скандал со трговија со цитостатици на Клиниката за...

Обвинителството ја чешлало Онкологија

Со судска наредба и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР вчера извршиле претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. „Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи...

Стојка Нацева-Фуштиќ и Виолета Клисаровска се нови в.д. директорки на клиниките за детски болести и за онкологија

Министерот за здравство Беким Сали, ја назначи д-р Стојка Нацева-Фуштиќ за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести. Освен тоа, нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, ја именува д-р Виолета Клисаровска. Овие промени доаѓаат откако Сали пред два дена ги разреши д-р Аспазија Софијанова и д-р Нино Васев. Како што информираат од...

ГОБ „8 Септември“ чека анестезиолози за да се прават операции, на клиниките не се пуштени сите услуги

Сè уште не се достапни сите здравствени услуги на сите оддели на клиниките и во болниците во државата за граѓаните, но многу скоро сè ќе се пушти во употреба и сите услуги ќе им бидат достапни, вели за „Мета.мк“ министерот за здравство Венко Филипче. На клиниките во моментов не се прават сите операции, во ГОБ „8 Септември“ сè е...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...