Министерот за здравство Беким Сали, ја назначи д-р Стојка Нацева-Фуштиќ за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести. Освен тоа, нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, ја именува д-р Виолета Клисаровска.
Овие промени доаѓаат откако Сали пред два дена ги разреши д-р Аспазија Софијанова и д-р Нино Васев.
Како што информираат од Министерството за здравство, новоназначените директорки се именувани како вршители на должност до именување медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.