fbpx
Таг: кандидати

таг: кандидати

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на неколку кандидати за градоначалници

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да му ги предложи на Централниот комитет, кандидатите за градоначалници за општините Струмица, Петровец, Велес, Кривогаштани и за Куманово. Тој додаде дека „ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција, заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема изборна победа на локалните избори.“ - За Струмица, кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров, орален...

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија. Прашан дали е можна соработка во општина Кичево со ВМРО-ДПМНЕ,...

ДИК ги усвои упатствата за поднесување на кандидатските листи за локални избори

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) беа усвоени упатствата за начинот и за постапката за поднесување, прием и за потврдување на кандидатските листи за локални избори, за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот. За важечко гласачко ливче ќе се смета ако е заокружен редниот број пред подносителот на листата, односно...

Новиот Зврлевски ќе се избира на оглас: Какви се роковите, процедурата и условите

Штом заврши постапката за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски, Владата веднаш ќе почне процедура за именување негов наследник, изјави премиерот Зоран Заев. Сепак, за разлика од процедурата за разрешуавање на Зврлевски, која може да заврши до крајот на оваа недела, а десетина дена откако Владата ја почна, постапката за именување нов државен јавен обвинител е покомплицирана и...

ДПМНЕ се жали ако ја именуваат без ВМРО

Со процедурална забелешка во попладневната сесија, пратеникот Илија Димовски ја разби долгата расправија со реплики и со контрареплики од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ за тоа кој колку направил за земјоделството и кој колку ќе направи за земјоделците. Димовски побара да се внимава на имињата, односно, побара претседателот на Собранието да ги укорува пратениците од владејачкото мнозинство...

Милошоски: Владата ќе ја одликуваат селективна правда, купен соживот и економија на кредит

Селективна правда, купен соживот и економија на кредит се трите карактеристики што, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ќе ја одликуваат владата што ја предлага мандатарот Зоран Заев. Милошоски истакна оти смета дека селективната правда ќе биде една од карактеристиките на новата влада бидејќи во неа има аболирани, корумпирани и обвинети луѓе, а кандидатот за премиер е на судско рочиште...

Димовски: Владата на Заев има мал и слаб економски тим

Пратеникот Илија Димовски, кој беше прв говрник по експозето на мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде активна и конструктивна опозиција, која нема намера да ги повторува грешките на СДСМ, кога тој беше во опозиција. - Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе доаѓаат на работа и ќе бидат активни на пленарните и на...

Алијанса за Албанците вечерва одлучува дали ќе учествува во новата влада

Во Тетово започна Централно претседателство на Алијансата за Албанците на која ќе се расправа по две точки, учеството во новата влада и изборот на министрите од редовите на Алијансата. Од коалицијата велат дека, доколку одлучат да бидат дел од новата влада ќе предложат двајца министри. Министерското место за здравство ќе му припадне на Арбен Таравари, а за министер за локална самоуправа...

Шефовите на мисијата на ЕУ на Косово ги повикаа партиите да обезбедат фер и коректни избори

Шефовите на мисијата на Европската Унија на Косово ги повикаа сите политички партии и учесници на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 јуни, оваа година, да обезбедат фер и демократски избори во склад со меѓународните стандарди. Од мисијата нагласуваат дека предизборните кампањи треба да и им пружат информации на гласачите во атмосфера на мир, толеранција и почитување, за да...

Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во Франција

Во Франција утринава, во осум часот, беа отворени избирачките места на кои 47 милиони Французи во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат за новиот шеф на државата. До 12 часот, излезноста на гласачите е 28,23 отсто. Своето право на глас го остварија и претседателските кандидати, лидерката на ултрадесницата, Марин ле Пен, и проевропски ориентираниот претседателски кандидат, Емануел Макрон. https://twitter.com/MailOnline/status/861156515344003072 Францускиот претседател во...

СДСМ објави оглас за самокандидирање за претседател на партијата

СДСМ вчера на својата веб-страница објави повици, кои во дел од весниците денеска се објавени како огласи за самокандидидирање на заинтересирани за функцијата претседател на партијата, односно за местото на Зоран Заев, како и за членови на централниот и на надзорниот одбор на партијата. Во повикот за претенденти за претседателската функција се вели дека кандидатот мора да биде истакнат член...

Предизборен молк во Франција во пресрет на првиот круг од претседателските избори

Ноќеска на полноќ во Франција стапи на сила предизборниот молк во пресрет на утрешниот прв круг од претседателските избори во земјата. За функцијата претседател на Франција ќе се натпреваруваат 11 кандидати. Изборниот молк ќе трае до утре, до 20 часот, кога се затвораат избирачките места. Речиси 47 милиони Французи имаат право на глас на претседателските избори, чиј исход е многу неизвесен...

Партиите во албанскиот парламент тактизираат со изборот на шеф на државата

Парламентот на Албанија денеска го одржа вториот круг од гласањето за избор на нов претседател на државата. Сепак, гласање воопшто немаше, бидејќи сè уште нема предложени кандидати за шеф на државата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Лидерите на парламентарното мнозинство, премиерот на Албанија, Еди Рама, и претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, изјавија дека досега не предложиле кандидати бидејќи...

Кандидати за полицајци се онесвестиле, засега сомнежот е на храната

На утринската смотра во Центарот за обука на МВР денеска, тројца од слушателите на основната обука за полицајци се онесвестиле и паднале, а по настанот уште некои кандидати за полицајци се пожалие на вртоглавици и на тегоби, соопшти МВР. По инцидентот е повикана брза помош, која однела три лица во Клинички центар, од кои двајца биле веднаш пуштени, а еден...

Утре се одржуваат претседателски избори во Србија

Граѓаните на Србија утре избираат претседател, а најголеми шанси за победа има кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави дописничката на „Мета“ од Белград. Според предизборните анкети, Вучиќ има реални шанси да победи веќе во првиот круг, особено ако излезноста на гласачите не биде голема. Втор, според најголемиот број истражувања, е поранешниот омбудсман, Саша Јанковиќ, со околу 15 проценти поддршка,...

Последен ден за изборната кампања во Србија

Во Србија на полноќ почнува предизборниот молк за претседателските избори на 2 април, на кои фаворит е кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот премиер Александар Вучиќ. Предизборните анкети покажуваат дека Вучиќ со поддршка од околу 50 проценти има реални шанси да победи во првиот круг, ако на изборите излезат помалку од четири милиони избирачи. Втор, според истражувањата, е поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ,...

Собрание: Извесно е само дека седницата ќе почне, сè друго е до волјата за излез од кризата

Парламентарните политички партии денеска, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според агендата на денешното продолжение на конститутивната седница, кое е закажано за 12 часот, единствени две точки...

Во Србија 10 кандидати на претседателските избори

Републичката изборна комисија денеска прифати уште три кандидатури за претседателските избори во Србија, меѓу кои е и кандидатурата на лидерот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак. Бројот на кандидатите што ќе се пресметаат на изборите на 2 април со тоа се зголеми на 10, а меѓу нив се лидерот на Српската напредна партија и актуелен премиер, Александар Вучиќ, двајца...

СДСМ Битола со 12 предлог-кандидати за градоначалник

Битолските социјалдемократи синоќа на партиски состанок се одлучија да испратат до централата на партијата во Скопје 12 имиња, како предлози за евентуален кандидат за градоначалник на Битола за престојните локални избори, кои треба да се одржат во првата половина на мај. На списокот се општинските советници Зоран Стојчевски, Златко Ќурчиевски, Наташа Петровска, Горан Козаров и Методија Илијевски, потоа поранешниот пратеник Борче Петковски,...

Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Управниот суд ја одбил тужбата на судијката Лидија Неделкова против Судскиот совет, во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд, јавува „Телевизија 24“. Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Судскиот совет го одби нејзиниот приговор во кој таа имаше забелешки на начинот на кој Советот го спровел вонредното оценување на кандидатите за претседател...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...