fbpx

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

-

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија.

Прашан дали е можна соработка во општина Кичево со ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека неговата партија на минатите парламентарни избори ги надминала етничките разлики.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги надмина етничките разлики на минатите парламентарни избори. За нас, во Македонија постои трка на концепти што се нудат на граѓани, не постои етнички концепт – рече Шилегов.

Тој најави дека СДСМ до крајот на месецот ќе ги претстави сите кандидати за градоначалници. Имињата што сега се вртат во јавноста се сè уште во сферата на шпекулациите, вели Шилегов.

– Имињата што во моментот се вртат во јавноста, како можни кандидати за градоначалници на Социјалдемократскиот сојуз или коалицијата за претстојните локални избори се сè уште во сферата на шпекулација. Постапката е во тек и очекуваме дека кон крајот на месецов ќе заврши и официјално ќе бидат претставени сите кандидати – појасни Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Коалицијата ВЛЕН им зеде еден пратеник на ДУИ [инфографик]

Првичните неофицијални резултати од денешното прегласување на парламентарните избори на седум изборни места покажуваат дека ДУИ изгуби еден пратенички мандат, а коалицијата ВЛЕН (Вреди), доби еден пратеник плус во...