четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: јавен повик | 102 резултати

МОН: Oд денеска може да се аплицира за субвенциониран студентски оброк

август 1, 2021

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, системско решение кое е дел од програмата за работа на Владата и на МОН и со кое се унапредува студентскиот стандард преку доделување на финансиска поддршка во месечен износ од 2.400 денари за 9 месеци […]

Oбезбедени дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари

јули 29, 2021

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи коишто аплицираа на Јавниот повик. Со ребалансот на буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во […]

На првиот ден од конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, се пријавиле 640 кандидати

јули 21, 2021

Со засилено темпо течат подготовките за спроведување на теренскиот попис на населението што треба да се реализира од 5 до 30 септември годинава. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и за инструктори. Само во текот на првиот ден на јавниот повик, вчера, се пријавиле 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има […]

Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања

јули 7, 2021

По еден месец од објавувањето на јавниот повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, Министерството за економија денеска го затвори повикот, поради големиот интерес искажан од граѓаните. Иако јавниот повик требаше да трае 60 дена, од 7 јуни како ден на неговото објавување, […]

ФИТР: Рекордни 616 апликации на јавниот повик „Стартапувај 3“, вкупниот фонд за проекти е 2 милиона евра

јуни 22, 2021

На јавниот повик „Стартапувај 3” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), пристигнати се 616 проектни апликации, што претставува рекорден број во однос на сите останати повици во рамките на повикот Стартапувај, а 42 отсто од апликантите се проектни тимови од физички лица. Инаку, ова е за прв пат ФИТР да овозможи аплицирање на […]

Бектеши: Субвенции до 300 евра за граѓаните кои во возилата ќе вградат уред на плин или метан

јуни 7, 2021

Сите граѓани кои имаат возила не постари од 2005 година, од утре ќе можат да купат и да вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, при што ќе остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари, информираше на денешната прес […]

Отворен е повик за апликации за поддршка на граѓанските организации за промовирање на Дигиталната агенда

мај 17, 2021

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис, преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, ко-финансиран од Европската Унија, го отвори Повикот за апликации преку кој ќе се обезбеди поддршка на граѓанските организации за промовирање на Дигиталната агенда. „Преку вториот циклус на грантовата шема за мали грантови ЛОТ 2: Доделување на грантови за Иницијативи за […]

ФИТР објави повик за млади иноватори „Младите создаваат“, вкупниот фонд за поддршка е 146 илјади евра

мај 17, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави јавниот повик „Младите создаваат“ за воспоставување на лаборатории за производство. Целта е преку проекти, учениците и студентите на возраст од 15 до 29 години, не само да стекнат знаење, туку и вештини и тоа на креативен и аналитички начин да го применат за изнаоѓање нови […]

Град Скопје ги потроши парите за велосипеди, дадени субвенции на 3.057 граѓани

мај 7, 2021

Град Скопје го затвори јавниот повик за субвенции за велосипеди затоа што се исцрпиле сите планирани средства за период од само дваесетина дена. „Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, овој јавен повик е затворен“, соопштија од Градот. Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 […]

ФИТР: За нови старт-ап и спин-оф компании обезбедени неповратни 2 милиона евра

април 28, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави конкурсот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин оф, од инструментот за поддршка „Стартапувај 3“, кој ќе трае до 12 јуни годинава. Вкупниот буџет изнесува 2 милиони евра и преку овој инструмент се очекува да се поттикне развојот на воведувањето иновации и […]

Од денеска може да се аплицира за субвенции за велосипеди и електрични тротинети од Градот Скопје

април 19, 2021

Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“ до исцрпувањето на средствата, информираат градските власти. „Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или […]

Архитекти, професори и граѓански организации бараат од Заев поддршка за суспензија на ДУП-от спроти Холидеј Ин

април 14, 2021

Неколку граѓански организации, универзитетски професори, архитекти и медиуми упатија јавен повик до премиерот Зоран Заев за поддршка на суспензијата од Општина Центар за Деталниот урбанистички план ЦО8 за паркингот спроти хотелот Холидеј Ин, како и други ДУП-ови во Општина Центар што не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Во барањето се повикуваат […]

ФИТР: Од 706 пријавени, 540 компании аплицираат за прв пат на јавните повици на Фондот

април 12, 2021

Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации и технолошки развој. „Горд сум што и во време на глобална […]

ФИТР: Рекордни 706 апликации на домашни компании за кофинансирање грантови за технолошки развој

април 6, 2021

На јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, аплицирале вкупно 706 домашни компании. Тоа е рекорден број на доставени пријави на било кој досегашен јавен повик на ФИТР, соопштија од Фондот. Во период од 60 дена додека траеше повикот, за корисниците биле одржани […]

Ќе се делат субвенции од 1,3 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата

март 31, 2021

Владата преку буџетот на Министерството за економија, во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, обезбеди вкупно 82 милиона денари (1,3 милиони евра) за субвенции на домаќинствата за 2021 година, кои ќе се реализираат преку веќе објавените четири јавни повици. Тие се однесуваат на надоместување […]

РБСМ: Одобрени уште 1,4 милиони евра за кредити од Ковид-3 линијата

март 24, 2021

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) информира дека од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со поддршка од ЕУ, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, одобрена е нова група од 124 кредитни барања во износ од 1,4 милиони евра. Од кредитната линија за која се предвидени средства од 31 милион евра, […]

Прв јавен повик на ФИТР за дигитализација на земјоделството со буџет од 6 милиони денари

март 16, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го објави првиот јавен повик за дигитализација на земјоделството. Буџетот за таа намена изнесува 6 милиони денари (97,5 илјади евра) за четири проекти. Овие средства се од Програмата за рурален развој од која се издвојувале досега по еден процент. Максималниот износ за секој корисник е по 1,5 милион денари или 90 […]

Тргнува од почеток проектот за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Осломеј, ЕСМ го реобјави тендерот

февруари 6, 2021

Голем интерес од домашни и од странски инвеститори, но засега слаби резултати во врска со проектот за изградба на две фотонапонски електрани на местото на РЕК Осломеј, кои поточно треба да бидат лоцирани на местото на стариот рудник за јаглен, а да се градат како јавно приватно партнерство (ЈПП). На тендерот кој беше распишан лани […]

Бектеши најави поддршка за индустријата, туризмот и енергетската ефикасност

јануари 18, 2021

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за Програмите кои што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои што беа донесени на последната седница на Владата. Тој додаде дека во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, […]

Ќе се проширува парното во населбите Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла

јануари 11, 2021

Постојната топловодна мрежа во скопските населби Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла од подружница на АД ЕСМ – „Енергетика“ ќе се доградува и проширува со што поголем број на домаќинства и на деловни објекти ќе се приклучат на парно греење. За таа цел АД Електростопанство на Северна Македонија, ЕСМ, на почетокот на јануари годинава распиша […]

Страна 3 од 5