ФИТР: Рекордни 616 апликации на јавниот повик „Стартапувај 3“, вкупниот фонд за проекти е 2 милиона евра

-

На јавниот повик „Стартапувај 3” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), пристигнати се 616 проектни апликации, што претставува рекорден број во однос на сите останати повици во рамките на повикот Стартапувај, а 42 отсто од апликантите се проектни тимови од физички лица. Инаку, ова е за прв пат ФИТР да овозможи аплицирање на проектни тимови од физички лица, кои доколку добијат одобрување на проектот за кофинансиран грант, ќе имаат обврска во рок од 30 дена да регистрираат трговско друштво, соопштија од ФИТР. Анализата покажува дека од 616 пријавени, 493 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на Фондот.

На овој јавен повик достапни се 2 милиона евра неповратни финансиски средства, при што ФИТР обезбедува до 90 отсто од вкупниот буџет на проектот за компании до три години постоење, односно до 85 отсто за компании со над 3, а помалку од 6 години постоење на пазарот.

„Со „Стартапувај 3” повикот, обезбедивме новитети кои ќе обезбедат полесен пристап до финансии, како и можност за реализација на бизнис идеи. Покрај финансиската поддршка, на сите креативни и иновативни стартап компании им нудиме и дополнителна поддршка преку партнерите: НЛБ Банка, Силк Роуд Банка, Прокредит Банка и Уни Банка, кои имаат специјални бизнис пакети со повластени каматни стапки и услови на користење”, изјави на прес конференција, Тања Илијевска од секторот за стратешко планирање при ФИТР.

Таа додаде дека на македонските стартапи им се достапни кредити на клауд платформата во износ од 10.000, 25.000 и 100.000 долари, а се нуди и менторската поддршка од домашни и од странски експерти. Од пријавените компании на „Стартап 3“, најголем дел се од областа на: ИТ, маркетинг, креативни индустрии, технолошки индустрии, угостителство и слично. Доаѓаат од 29 градови, а најдоминантен е бројот на апликации од: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово.

Анализата покажа и дека 284 компании се стари до три години, додека 76 компании се со старост од три до шест години, додека дури 49 отсто од апликантите се жени претприемачи.

Мариупол не е град во Русија, туку во Украина

Објава на Фејсбук го опишува Мариупол како „град во Русија“, но според меѓународното право, тоа е град во Украина, кој е под окупација на Русија. Таа го држеше под опсада...