fbpx

Од денеска може да се аплицира за субвенции за велосипеди и електрични тротинети од Градот Скопје

-

Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“ до исцрпувањето на средствата, информираат градските власти.

„Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Право на учество на овие повици имаат жителите на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет во Република Северна Македонија од 01.01.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавните повици.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети се предвидени 10 милиони денари, од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Согласно со предвидените финансиски средства, Градот годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 527 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.

Во однос на темата за стимулирање на велосипедскиот превоз во земјава, „Мета.мк“ викендов објави и текст со позитивни примери од западноевропските земји во кои се преземаат и дополнителни мерки за системска поддршка на граѓаните да користат велосипеди при нивните секојдневни патувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...