fbpx

Oбезбедени дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари

-

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи коишто аплицираа на Јавниот повик.

Со ребалансот на буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, досега се издадени 1.250 ваучери од 12.000 денари за туризам во вредност од 15 милиони денари колку што беа предвидени во Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи во 2021 година.

„На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на Јавниот повик на Министерството за економија. Поддршката на туристичкиот сектор е наш приоритет,“ напиша Бектеши.

Според Јавниот повик, потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа да добијат сите граѓани, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари и кои аплицираа на Јавниот повик кој беше објавен на 8 јуни 2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...