fbpx

Ќе се делат субвенции од 1,3 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата

-

Владата преку буџетот на Министерството за економија, во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, обезбеди вкупно 82 милиона денари (1,3 милиони евра) за субвенции на домаќинствата за 2021 година, кои ќе се реализираат преку веќе објавените четири јавни повици. Тие се однесуваат на надоместување на дел од трошоците за вградување на ПВЦ или алуминиумски прозорци, за набавка на печки на пелети, вградување на термални системи и на фотонапонски панели со јачина до 4 киловолти.

Како што објасни на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, субвенциите за печки на пелети се во вкупен износ од 14 милиони денари, при што ќе се надоместуваат 50 отсто од трошоците, а максималниот износ по домаќинство ќе изнесува до 20.000 денари, односно до 25.000 денари за домаќинства со ниски приходи или 75 отсто од трошоците. За ПВЦ или алуминиумски прозорци се планирани 22.000.000 денари, при што исто така ќе се покриваат 50 отсто од трошоците или до 20.000 денари, а до 25.000 денари за домаќинства со ниски приходи. За вградување на сончеви колектори вкупните средства од буџетот на Министерството за економија изнесуваат 8.000.000 денари, при што субвенциите по домаќинство се 30 отсто, односно по 10.000 денари, и 70 отсто за оние со ниски примања, во износ од по 15.000 денари. Вкупната субвенција за инсталирање на фотонапонски панели е 8 милиони денари, исто така ќе се покриваат најмногу до 30 отсто од трошоците или секое домаќинство може да добие до 62.000 денари.

„Во категоријата корисници со ниски примања, се земени оние со месечен приход до 30.000 денари, пензионери со приход до 20.000 денари и социјални домаќинства. Распределбата на средствата ќе биде по принципот, прв дојден-прв услужен, а најмногу средства се предвидени за најмалку развиените региони, и обратно. При конкурирањето ќе се земат предвид фискалните сметки направени од 1 јануари годинава. Огласот за фотоволтаични панели ќе трае до 30 јуни, а за другите субвенции, огласите се до 31 мај годинава, освен ако порано не се исцрпат планираните средства“, изјави Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...