ФИТР: Рекордни 706 апликации на домашни компании за кофинансирање грантови за технолошки развој

-

На јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, аплицирале вкупно 706 домашни компании. Тоа е рекорден број на доставени пријави на било кој досегашен јавен повик на ФИТР, соопштија од Фондот.

Во период од 60 дена додека траеше повикот, за корисниците биле одржани 20 информативни сесии, а апликации презеле дури 1.588 компании.

„Главната цел на овој инструмент на ФИТР е да се поддржат домашни компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени“ и дигитални технологии за нивна трансформација. На повикот освен микро, мали и средни претпријатија, можност да аплицираат имаа и приватните здраствени установи (ПЗУ)“, соопштија од ФИТР.

Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува 6 милиони евра, односно 2,5 милиони денари за микро претпријатија, до 5 милиони денари за мали и до 10 милиони денари за средни претпријатија. ФИТР обезбедува 70 отсто од буџетот на проектот за микро или мало претпријатие, или 60 отсто за средни.

Сега следува процес на селекција на предлог проектите, а оценувањето ќе го вршат домашни стручни лица од 22 области на експертиза, врз основа на: технолошки напредок и степен на дигитализација (35 поени), квалитет на проектот (10 поени), капацитет на проектниот тим (10 поени) и влијание на проектот, со по 45 поени. Предност при оценувањето ќе имаат компании со жени управители од различни региони, со цел да се поттикне рамномерниот регинален развој и женското претприемништво.

Во втората фаза, проектите ќе ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ), независно тело составено од петмина меѓународни експерти и ќе има јавна презентација на предлог-проектите и потоа следува финална одлука од страна на Комитетот, според дефинираните критериуми.

За апликантите кои ќе бидат одбиени, ФИТР воведе нова менторска програма со цел да ги доразвијат своите проекти и да аплицираат повторно во иднина.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...