fbpx

Бектеши: Субвенции до 300 евра за граѓаните кои во возилата ќе вградат уред на плин или метан

-

Сите граѓани кои имаат возила не постари од 2005 година, од утре ќе можат да купат и да вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, при што ќе остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари, информираше на денешната прес конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши. За оваа мерка од буџетот на ова министерство се предвидени 11 милиони денари (179.000 евра).

Тој изјави дека утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за вградување на ваков уред во возилата.

„Владата се залага за зелената агенда и затоа со задоволство денес претставувам една од мерките што следат во процесот на подобрување на квалитетот на животот и на животната средина. Зелената агенда ја промовираме денес со една од мерките за справување со аерозагадувањето од возилата, а тоа е субвенционирање на граѓаните кои ќе вградат уреди на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата“, кажа Бектеши.

Според огласот, граѓаните кои од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата, но не повеќе од 18.000 денари или околу 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на вакви уреди.

Со така преправеното возило, сопственикот треба да се упати во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР, каде треба да се пријави преправката. Во МВР му се издава упатница, која ја доставува до техничката служба, за да биде извршена проверка на сообразноста (хомологација) на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото, изготвува записник и издава потврда за сообразност на вградениот уред (познатa како Атест) и пропратно писмо. Со потврдата и писмото, сопственикот се упатува на шалтер на МВР (во техничката служба или станица за технички преглед) каде добива нова сообраќајна дозвола во каде се евидентира дека е монтиран нов уред за погон. Според Бектеши, оваа процедура не трае повеќе од 2 до 3 дена.

„Мерката произлегува од Законот за моторни возила и се однесува на две важни подрачја, сообраќајот и екологијата. Има за цел да се намали загадувањето на воздухот од возилата. Огласот ќе трае 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“. Надоместок на трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство“, објасни Бектеши.

Потребната документација за пријавување на овој јавен повик се подигнува во архивата на Министерството за економија и содржи: пополнето барање и изјава од подносителот на барањето, фискална сметка со сметко-потврда, или фактура, копија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар, во која е евидентирана промената, фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...