Во изминатово деноноќие само еден нов случај на ковид-19, починале три лица

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19 – од Куманово.

Пријавени се вкупно три починати лица: по едно лице од Куманово (55 г.), Тетово (61 г.), и Гевгелија (80 г.). Сите починале во болница.

Во изминативе 24 часа, регистрирани се 204 оздравени пациенти, од: Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.