fbpx
Таг: Јапонија

таг: Јапонија

Јапонија бара санкции за Северна Кореја

Јапонскиот парламент ја осуди одлуката на Северна Кореја да лансира ракета со долг домет и го повика Пјонгјанг да престане со таквите активности. Во резолуцијата, која парламентот едногласно ја усвои, се наведува дека станува збор за сериозна провокација што го загрозува мирот во светот. Јапонските парламентарци го повикаа Советот за безбедност на ОН да воведе нови санкции кон Северна Кореја. Јапонскиот премиер...

Јапонија: Еруптира вулкан во близина на нуклеарната електрана „Сендаи“

Јапонскиот вулкан Сакурајима, оддалечен околу 50 километри од нуклеарната електрана „Сендаи“, еруптирал, исфрлајќи пепел два километри во ноќното небо и големи количества лава, но засега нема извештаи за штети во електраната. Поради „експлозивна ерупција“, јапонската метеоролошка агенција објави тревога од највисоко ниво, што значи дека луѓето не смеат да ѝ се приближуваат на планината. - Сепак, добро е што тоа подрачје...

Централната банка на Јапонија вовела негативна каматна стапка

Централната банка на Јапонија вовела негативна каматна стапка за да помогнe во закрепнувањето на третата најсилна економија во светот. Банката соопштила дека на комерцијалните банки ќе им наплаќа 0,1 отсто на некои депозити оставени во централната банка, надевајќи се дека на тој начин ќе поттикне да даваат позајмица и да ги стимулира инвестициите и развојот. Тоа е првпат банката на Јапонија да воведе негативна...

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со сила од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот северозападен остров Хокаидо, но не е објавено предупредување за цунами, соопшти јапонската метеоролошката агенција. Претставниците предупредуваат дека би можело да има одредена промена во нивото на морето. Засега нема извештаи за штети од потресот, кој бил почувствуван и на руските Курилски Острови. Не се пријавени нерегуларности во двете нуклеарни електрани...

Јапонската влада одобри рекордно голем буџет за одбрана

Јапонската влада денеска одобри рекордно висок буџет за одбрана, кој вклучува планови за купување скапи американски беспилотни летала за надзор и авиони „ф-35“. Јапонија ја засили соработката во одбраната со САД, додека Кина сè поагресивно настапува во регионалните води. Буџетот за војската од 42,1 милијарди долари е дел од државниот буџет во вредност од 800 милијарди долари за фискална година која...

Анонимуси ја урнаа веб-страницата на јапонскиот премиер поради ловот на китови

Хакерската група Анонимуси соопшти дека ја урнала веб-страницата на јапонскиот премиер Шинзо Абе во знак на протест против плановите на земјата за лов на китови. Шефот на кабинетот на премиерот, Јошихиде Суга, соопшти дека утринава не можеле да пристапат до веб-страницата и оти полицијата покренала истрага. Суга потврди дека Анонимуси на „Твитер“ објавиле порака во која ја преземаат одговорноста за уривањето на веб-страницата, но...

Силен земјотрес го погоди јапонскиот остров Бонин

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југоисточното подрачје на јапонскиот остров Бонин, соопшти американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил 112 километри југоисточно од островот Бонин и околу 1.000 километри јужно од Токио. Засега нема информации за причинета материјална штета и за човечки жртви. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а земјотресот се почувствувал околу...

Базата на САД останува на Окинава и покрај протестите

Јапонија денеска повторно почна со градежните работи за да ја премести американската воздухопловна база на островот Окинава, и покрај протестите на локалното население. Градежните работи во заливот Хеноко се продолжени откако полицијата ги растера демонстрантите што се обидоа да го блокираат пристапот до тоа подрачје. Властите планираа да ја префрлат базата во помалку развиена област на Окинава, но локалните жители сакаат американската...

Попоски со политички и со економски средби во Јапонија

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна со челните луѓе на Јапонската организација за надворешна трговија (Japan External Trade Organization - JETRO) и со најголемата стопанска комора на Јапонија КЕИДАНРЕН. Попоски беше домаќин и на работен ручек со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, на кој присуствуваа повеќе...

Попоски во тридневна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска (27 октомври) до четврток (29 октомври) ќе престојува во официјална посета на Јапонија, каде ќе има средби со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, и со повеќе пратеници на јапонскиот Диет. Како што соопштуваат од кабинетот на Попоски, утре (28...

Јапонија ќе даде пари за бегалците, но нема да ги прими

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска во седиштето на Обединетите нации изјави дека неговата земја за помош на бегалците ќе издвои 1,6 милијарди долари, но оти наскоро не планира да прими бегалци. Уште во воведот на својот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Абе истакна дека Јапонија планира само финансиски да помогне во справувањето со бегалската криза. Во последните години оваа...

Во Јапонија евакуирани 170.000 лица, по налетот на тајфунот Етау

Во Јапонија се евакуирани 170.000 луѓе како резултат на силните дождови, поплави и лизгалишта по ударот на тајфунот Етау. Според наводите на пожарникарската и на службата за кризни ситуации, 15 лица се повредени во налетот на невремето, меѓу кои две лица потешко, додека две лица се водат за исчезнати. Неколку илјади луѓе сè уште се заробени во своите домови, откако реките...

Логото на ОИ во Токио е плагијат?

Организаторите на Олимписките игри во Токио би можеле да го отфрлат логото на натпреварувањето во 2020 година поради наводите дека неговиот дизајн е плагијат. Дизајнерот Канџир Сано ја доби поддршката на организаторите, но националниот сервис НХК пренесе дека логото ќе биде повлечено поради новите обвиненија дека користел туѓа слика без дозвола. Официјалните претставници не ги коментираат ваквите наводи. Сано се соочува со...

Авион принудно слета во Осака

Авион „боинг 777“ на јапонската компанија „АНА Холдинг“ принудно денеска слета во Осака поради проблеми со моторот, соопшти авио-комапнијата. Ниту еден од 246 патници и 11 членови од посадата не е повредени. Авионот, кој полетал во 7.18 часот по локално време, бил на линија меѓу Осака, на западот на Јапонија и Токио. Посадата набрзо утврдила проблеми со моторот и побарала дозвола...

Сеул и Пекинг: Јапонија не се извини доволно

Јапонија која ја одбележа 70 годишнината од крајот на Втората светска војна, денес со соочи со критики од Јужна Кореја и Кина, која ја обвинија дека не се извинила доволно за своите злодела во текот на војната. Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хје побара од Јапонија да ги усогласи своите зборови и дела откако во петокот јапонскиот премиер Шинзо Абе изрази жалење...

Јапонски планинари настрадаа на Алпите

Телата на двајца јапонски планинари се пронајдени на планинскиот врв Матерхорн на швајцарските Алпи, соопштија денеска официјални лица на Токио. Пред пет дена, двајцата планинари на возраст од 60 години, се искачиле на Матерхорн (4.478 метри надморска височина), кој е еден од најпознатите планински врвови во светот поради пирамидалната форма. Швајцарската полиција соопшти дека вчера било пронајдено телото на еден од планинарите,...

Се самозапалил пред јапонската амбасада во Сеул

Еден постар Јужнокореец се самозапали пред Амбасадата на Јапонија во Сеул, на протест одржан неколку дена пред одбележувањето на 70-годишнината од јапонската колонизациска окупација на Корејскиот Полуостров. Човекот, за кој медиумите јавуваат дека има околу осумдесет години и оти не е во животна опасност, се запали во текот на демонстрациите на кои учесниците барале раководството на Јапонија да се извини...

Јапонија утре ќе активира нуклеарен реактор во Фукушима

Јапонските власти утре ќе го вклучат првиот нуклеарен реактор, по четири години од затворањето на сите реактори во нуклеарната централа во земјата поради несреќата во Фукушима во 2011 година, соопшти денеска јапонската електрокомпанија „Кијуши“. - Реакторот ќе биде пуштен во употреба на 11 август, а почетокот на производството на струја се очекува на 14 август – се наведува во соопштението и...

Северна Кореја воведува своја временска зона

Северна Кореја ќе премине во нова временска зона, а во рамките на одбележувањето на нејзиното ослободување од јапонската окупација и на крајот на Втората светска војна, соопштија државните медиуми во земјата. Северна Кореја во моментов е во иста временска зона со Јужна Кореја и со Јапонија, кои се девет часа пред Гринич. Пјонгјанг, според најавите, ќе ги врати часовниците за 30...

Одбележана 70-годишнината од нападот на Хирошима

Во Јапонија денеска се одбележуваат 70 години од првиот нуклеарен напад во историјата на човештвото, кога САД фрлија бомба над градот Хирошима и ја принудија Јапонија да капитулира, со што ставија крај на Втората светска војна. На церемонијата во Хирошима присуствувале десетина илјади лица, јапонскиот премиер Шинзо Абе и претставници на 100 земји, меѓу кои и амбасадорката на САД, Каролин...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...