fbpx

Централната банка на Јапонија вовела негативна каматна стапка

-

Централната банка на Јапонија вовела негативна каматна стапка за да помогнe во закрепнувањето на третата најсилна економија во светот.

Банката соопштила дека на комерцијалните банки ќе им наплаќа 0,1 отсто на некои депозити оставени во централната банка, надевајќи се дека на тој начин ќе поттикне да даваат позајмица и да ги стимулира инвестициите и развојот.

Тоа е првпат банката на Јапонија да воведе негативна каматна стапка и тој изнененаден потег веднаш влијалел врз финансискиот пазар.

Банката на Јапонија соопштила дека ќе ги подели депозитите во три категории кои ќе имаат позитивна, нулта и негативна каматна стапка.

Мерката ќе биде на сила за да се оствари целта за инфлација од два проценти, а рокот за таа цел во меѓувреме е поместен од крајот на 2016 година на средината на следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.