fbpx

Логото на ОИ во Токио е плагијат?

-

Организаторите на Олимписките игри во Токио би можеле да го отфрлат логото на натпреварувањето во 2020 година поради наводите дека неговиот дизајн е плагијат.

Дизајнерот Канџир Сано ја доби поддршката на организаторите, но националниот сервис НХК пренесе дека логото ќе биде повлечено поради новите обвиненија дека користел туѓа слика без дозвола.

Официјалните претставници не ги коментираат ваквите наводи.

Сано се соочува со обвиненија за плагијат откако логото во јули излезе во јавност.

Белгиски дизајнер го тужеше Меѓународен олимписки комитет (МОК) поради сличноста на логото на ОИ со она што тој го направил за еден театар.

Сано ги негираше обвиненијата, но ова не е прво обвинение против него за плагијат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...