fbpx

Сеул и Пекинг: Јапонија не се извини доволно

-

Јапонија која ја одбележа 70 годишнината од крајот на Втората светска војна, денес со соочи со критики од Јужна Кореја и Кина, која ја обвинија дека не се извинила доволно за своите злодела во текот на војната.

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хје побара од Јапонија да ги усогласи своите зборови и дела откако во петокот јапонскиот премиер Шинзо Абе изрази жалење поради воената агресија на својата земја, но тоа не ги задоволи очекувањата на Сеул.

– Историјата никогаш не може да биде прикриена. Таа останува жива преку сведочењата на нејзините сведоци – рече Парк на церемонијата со која се одбележа 70 години од капитулирањето на Јапонија во Втората светска војна.

Премиерот Абе во својот говор не им се извини директно на жртвите на јапонската агресија, туку само рекол дека идните генерации Јапонци не треба да бидат предодредени да се извинуваат за дејствувањето на својата земја во воен период.

Претставник на Министерството за надворешни работи на Кина рекол дека Јапонија треба искрено да им се извини на сите луѓе во земјите-жртви, а не да биде двосмислена по ова суштинско прашање.

– Јапонија би требало да изнесе јавно објаснување и искрено да им се извини на народните на земјите кои страдале за време на воената агресија. Јапонија треба да покрене конкретна акција за да ја придобие довербата на азиските соседи и глобаната заедница – рече заменик шефот на кинеската дипломатија Чан Јесуи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...