петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈужнаКореја | 21 резултати

Јужна Кореја евакуира население по размена на оган со Северна Кореја

август 20, 2015

Јужна Кореја наредила евакуација на нејзиното население долж западниот пограничен регион, откако денеска наутро дошло до размена на оган со Северна Кореја, јавуваат светските агенции. Според информациите, Северна Кореја испукала граната кон единица на јужнокорејската војска, по што од југот возвратиле со повеќе истрели од артилериско оружје, соопштило министерство за одбрана на Јужна Кореја, јавува […]

Сеул и Пекинг: Јапонија не се извини доволно

август 15, 2015

Јапонија која ја одбележа 70 годишнината од крајот на Втората светска војна, денес со соочи со критики од Јужна Кореја и Кина, која ја обвинија дека не се извинила доволно за своите злодела во текот на војната. Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хје побара од Јапонија да ги усогласи своите зборови и дела откако во петокот јапонскиот […]

Погубен вицепремиерот на Северна Кореја

август 12, 2015

Вицепремиерот на Северна Кореја, Чое Јонг-гон, бил погубен во мај оваа година, по наредба на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, соопштиле властите на Јужна Кореја, врз основа на извештаите од надзорот на состојбите кај северниот сосед, јавува „Би-Би-Си“. Тој бил погубен откако, наводно, „изразил несогласување со политиката за пошумување на младиот лидер“, соопштила јужнокорејската новинска агенција […]

Се самозапалил пред јапонската амбасада во Сеул

август 12, 2015

Еден постар Јужнокореец се самозапали пред Амбасадата на Јапонија во Сеул, на протест одржан неколку дена пред одбележувањето на 70-годишнината од јапонската колонизациска окупација на Корејскиот Полуостров. Човекот, за кој медиумите јавуваат дека има околу осумдесет години и оти не е во животна опасност, се запали во текот на демонстрациите на кои учесниците барале раководството […]

Северна Кореја воведува своја временска зона

август 7, 2015

Северна Кореја ќе премине во нова временска зона, а во рамките на одбележувањето на нејзиното ослободување од јапонската окупација и на крајот на Втората светска војна, соопштија државните медиуми во земјата. Северна Кореја во моментов е во иста временска зона со Јужна Кореја и со Јапонија, кои се девет часа пред Гринич. Пјонгјанг, според најавите, […]

Јапонија, Кина и Јужна Кореја на трилатерален самит оваа есен

јуни 20, 2015

Јапонија, Кина и Јужна Кореја планираат да одржат трилатерален самит оваа есен за ублажување на дипломатската напнатост во односите помеѓу тие земји. Самитот треба да се одржи помеѓу септември и ноември во Јужна Кореја. Истовремено, Токио и Сеул ја разгледуваат можноста за организирање на прва билатерална средба на јапонскиот премиер Шиноз Абе и јужнокорејската претседателка Парк […]

Нови осум случаи на БИРС во Јужна Кореја

јуни 17, 2015

Јужна Кореја соопшти дека се регистрирани осум нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС) и уште едно лице починало, со што вкупниот број на жртвите од овој вирус се искачи на 20. Вкупно 162 лица се заразени со овој вирус во Јужна Кореја, од минатиот месец, кога почна најголемата епидемија надвор од Саудиска Арабија. Јужнокорејското […]

Сè поголем бројот на починати од БИРС

јуни 15, 2015

Во Јужна Кореја пријавени се уште пет случаи на заболени од блискоисточен респираторен синдром (БИРС), а бројот на починатите достигна 16. Вирусот погоди вкупно 150 лица, изјави јужнокорејскиот министер за здравство. Избивањето на БИРС довело до меѓународна загриженост за јавното здравство, ја забавува економијата на земјата и резултира со откажување на 100.000 туристички посети.

Јужна Кореја го потврди единаесеттиот смртен случај од БИРС

јуни 12, 2015

Властите на Јужна Кореа денеска ја потврдија и 11. жртва која починала од инфекција од вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Министерството за здравство соопшти дека 72-годишна жена умрела денеска. Оваа пациентка починала од воспаление на белите дробови. Повеќе до 120 лица во Јужна Кореја се заразени со БИРС откако минатиот месец се појави првиот случај.

Се зголемува бројот за заболени од БИРС во Јужна Кореја

јуни 11, 2015

Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека се потврдени уште 14 нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Бројот на заболените е зголемен на 122. Повеќе од илјада лица се наоѓаат во карантин поради епидемијата, а затворени се 2.474 училишта, вклучувајќи и 22 универзитети. Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, поради ситуацијата ќе ја […]

Уште две лица загинаа од БИРС во Јужна Кореја

јуни 10, 2015

Во Јужна Кореја уште две лица починаа од Блискоисточен респираторен синдром (БИРС), соопштија денеска локалните власти. Вкупниот број на смртни случи се искачи на девет. Поради ситуацијата со епидемијата, претседателката Парк Геун-Хје ја одложи својата посета на САД од 14 до 18 јуни. Во Јужна Кореја се забележани 13 нови случаи на БИРС, а вкупно […]

Сеул ја потврди седмата жртва на БИРС

јуни 9, 2015

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска потврди дека починал и седмиот пациент од инфекцијата со вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Во соопштението се наведува дека Министерството реагирало на уште осум нови случаи, со што вкупниот број на заразени се искачил на 95. Корејските власти во меѓувреме затворија многу школи и универзитети. Нам Кјунг Пил, гувернер […]

Нападнат американскиот амбасадор во Јужна Кореја

март 5, 2015

Приврзаник на идејата за обединување на Јужна и на Северна Кореја, денеска го нападна американскиот амбасадор во Сеул, Марк Липерт, јавуваат јужнокорејски медиуми. Напаѓачот, кој, според медиумите, се викал Ким, во себе носел брич и извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“. Четириесет и двегодишниот Липерт, кој ужива голема популарност во Јужна […]

Јужна Кореја: Двајца загинати и 65 повредени во верижен судир

февруари 11, 2015

Две лица загинаа, а најмалку 65 се повредени во верижен судир во Јужна Кореја, во кој учествуваа стотина автомобили. Судирот, кој најверојатно се случил поради магла и замрзнатата улица, се случил во Сеул, на мост во близина на аеродромот „Инчеон“. Седуммина се потешко повредени, но бројот на загинатите би можел да се зголеми ако се има […]

Произведена е батерија што може да се витка

јануари 29, 2015

Иновациите во ИТ-светот се чести и интересни, но научниците од Јужна Кореја го воодушевија светот претставувајќи ја флексибилната батерија на саем во Јапонија. Батеријата „џеј флекс“ (J.Flex) е дизајнирана за да ѝ помогне на индустријата за мобилни уреди, која завладеа со светот. Ваквата батерија ќе помогне при дизајнирањето на идните уреди, затоа што нема да има […]

Јужна Кореја: Голем пожар во Виџеонбу

јануари 10, 2015

Три лица загинаа, а околу 100 се повредени откако пожар изби во станбена зграда во јужнокорејскиот град Виџеонбу. Според првичните информации, осуммина од повредените се во критична состојба. Локалните медиуми јавуваат дека жителите се евакуирани со хеликоптери и оти пожарот се проширил и на соседната зграда.

Јужна Кореја: Капетанот на потонатиот траект, осуден на 36 години затвор

ноември 11, 2014

Капетанот на потонатиот јужнокорејски траект, во кој починаа повеќе од 300 патници, е осуден на 36 години затвор поради небрежност, но е ослободен е обвинението за убиство, за кое обвинителството побара смртна казна. Главниот инженер на траектот е осуден на 30 години затвор за убиство бидејќи не им помогнал на двајцата повредени членови на екипажот. […]

Страна 1 од 1