fbpx

Погубен вицепремиерот на Северна Кореја

-

Вицепремиерот на Северна Кореја, Чое Јонг-гон, бил погубен во мај оваа година, по наредба на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, соопштиле властите на Јужна Кореја, врз основа на извештаите од надзорот на состојбите кај северниот сосед, јавува „Би-Би-Си“.

Тој бил погубен откако, наводно, „изразил несогласување со политиката за пошумување на младиот лидер“, соопштила јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, која обично прва ги пренесува новостите од Северна Кореја. Информацијата не е потврдена од Северна Кореја, која многу ретко се произнесува за вакви случаи.

Според агенцијата, близу 70 владини службеници биле убиени за време на владеењето на Ким Јонг-ун.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, Чое Јонг-гон како заменик-министер за градба и за градежни материјали ја претставувал Северна Кореја на трговските разговори во Сеул пред 10 години. Тој бил назначен за еден од седумте вицепремиери на Северна Кореја во јуни минатата година, што дел од аналитичарите го протолкувале како знак дека Пјонгјанг има намера да одржува блиски врски со Југот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...