Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека се потврдени уште 14 нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Бројот на заболените е зголемен на 122.
Повеќе од илјада лица се наоѓаат во карантин поради епидемијата, а затворени се 2.474 училишта, вклучувајќи и 22 универзитети.
Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, поради ситуацијата ќе ја одложи посетата на САД. Таа требаше в недела да отпатува за Вашингтон, каде во вторник требаше да има средба со претседателот Барак Обама.