Јужна Кореја наредила евакуација на нејзиното население долж западниот пограничен регион, откако денеска наутро дошло до размена на оган со Северна Кореја, јавуваат светските агенции.

Според информациите, Северна Кореја испукала граната кон единица на јужнокорејската војска, по што од југот возвратиле со повеќе истрели од артилериско оружје, соопштило министерство за одбрана на Јужна Кореја, јавува „Би-Би-Си“.

Во враска со инцидентот, за денеска е закажана вонредна седница на Националниот совет за безбедност на Јужна Кореја.