fbpx

Јапонија утре ќе активира нуклеарен реактор во Фукушима

-

Јапонските власти утре ќе го вклучат првиот нуклеарен реактор, по четири години од затворањето на сите реактори во нуклеарната централа во земјата поради несреќата во Фукушима во 2011 година, соопшти денеска јапонската електрокомпанија „Кијуши“.

– Реакторот ќе биде пуштен во употреба на 11 август, а почетокот на производството на струја се очекува на 14 август – се наведува во соопштението и се додава дека станува збор за реакторот Сендаи, затворен на 10 мај 2011 година, два месеца по хаваријата во Фукушима.

Трите реактори во Фукушима се оштетени од разорниот земјотрес и од цунамито што ја погодија Јапонија во март 2011 година.

Хаваријата предизвика зрачење кое и понатаму ги контаминира водата, воздухот и земјиштето во околината на централата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...