fbpx
Таг: измама

таг: измама

Уапсени двајца Грци во Пиреа поради ширење на лажни информации меѓу бегалците

Грчката крајбрежна стража уапсила двајца Грци поради измама и ширење на лажни информации меѓу бегалците во пристраништето Пиреа, кај Атина, јавуваат локалните медиуми. Две момчиња, на возраст од 23 и 21 година, според информациите на крајбрежната стража, ширеле гласини меѓу бегалците дека грчката граница е отворена и им понудиле за одредена сума на пари да ги префрлат преку границата. Тие биле...

СДСМ: Хаотичниот избирачки список потврдува изборна измама

„Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции. Jавноста секојдневно се запознава со хаотичниот избирачки список“, се вели во соопштението на СДСМ. Од опозициската партија додаваат дека само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат и по стотина, па дури и повеќе лица. - На една адреса во Скопје се запишани 112...

Делчевец земал техничка стока на име на фирма во која не бил вработен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против 47-годишен жител на градот, кој е осомничен дека од локална фирма земал техничка стока на име на друга фирма во која воопшто не бил вработен, информира полицијата. Според пријавата, делчевецот Д.М. (47) се товари за кривичното дело измама. Како што информираат од полицијата, осомничениот, во периодот од април 2013 до јули...

На Ќафасан спречен шверц на 105.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување голема сума девизи од земјава. Пронајдени се кај 38-годишен македонски државјанин, при негов излез од државата. На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но дека со себе носи околу 2.000 евра. Поради сомневање во изјавата, било пристапено кон детален преглед на возилото и...

Во хотелот „Бисер“ лажно сместила 52 лица на седумдневен летен аранжман

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В. (44) од Прилеп, која ја товари за измама, употреба на исправа со невистинита содржина и за посебен случај на фалсификување исправа. Пријавената, за да стекне противправна имотна корист, на осми јули оваа година, во хотелот „Бисер“ во Струга, на одговорниот менаџер му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија. Лажно претставувајќи...

За 1.000 евра станала директорка на фирма со долгови од 81.000 евра

Прилепската полиција поднела кривична пријава против А.Д.(44) од селото Дебреште, инаку сопственик и основач на фирмата „Еуролидер туризам“, кој се товари за измама, злоупотреба на службената положба и овластување, потоа оштетување или повластување доверители и фалсификување исправа. Во врска со случајот, пријава е поднесена и против прилепчанецот М.К.(40) кој се товари за кривичното дело измама. Како што информираат од полицијата, сопственикот...

Полицаец од Крива Паланка осомничен за измама и за злоупотреба

Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР) поднел кривична пријава против Г.С. (34), вработен како полицаец во полициската станица во Крива Паланка, кој е осомничен за измама и за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, делата за кои се товари полицаецот ги сторил додека вршел надзор над две лица во селото...

Купувале мобилни телефони и стока преку неликвидна фирма

Тројца прилепчани, Т.Ѓ. (61), Д.Н. (35) и М.Г. (36), и локална фирма се осомничени дека сториле кривично дело измама, информира полицијата. Осомничените, според информациите, во текот на мај 2014 година ја презеле локалната фирма „Гризли дан“,и покрај тоа што знаеле дека е неликвидна и неспособна за плаќање. Сопственик и управител на фирмата првин станал Д.Н., кој заедно со другите склучил претплатнички договор...

Зел пари од штипјани, лажејќи ги дека ќе им обезбеди станови, возачки и пензии

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против Г.М. (24) од Пробиштип, осомничен дека измамил повеќе лица, од кои зел пари, ветувајќи им дека ќе им помогне да добијат социјални станови, возачки дозволи и инвалидски пензии. Според полицијата, осомничениот, од август 2014 година до февруари годинава, излажал неколкумина штипјани, тврдејќи дека познава високи политички и владини функционери и дека...

Лажна полицајка од фирми барала пари, како наводни донации за МВР

Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје до Јавното обвинитеслтво поднела кривична пријава против 39-годишна скопјанка, која, лажно претставувајќи се како вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР), барала од фирми да донираат пари за Министерството поради ситуацијата во државата. Како што соопштуваат од МВР, против осомничената С.Ш. е поднесена пријава со која таа се товари за измама...

Уапсена осуденичка што се барала со судска наредба

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера уапсиле 65-годишна осуденичка, која со судска наредба се барала за издржување затворска казна, информира МВР. Станува збор за Елена Т. која треба да издржува казна затвор од две години за измама, а која веднаш била спроведена во скопскиот затвор „Идризово“.

Референт во ФПИОМ во Гостивар осомничен за измама и за злоупотреба

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против Д.М. (32) од селото Симница, вработен како референт во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Гостивар, кој е осомничен за измама и за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од полицијата, осомничениот во периодот од јули 2014 до јануари 2015 година, како референт во Фондот, на Џ.С.(21)...

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија. Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, го одвел во банка во...

Тројца осомничени за фалсификување исправа и за измама

Тетовската полиција поднела кривични пријави против прилепчанец и против двајца скопјани, осомничени за измама и за фалсификување исправа која била употребена за регистрација на половно возило, увезено од странство. Станува збор за прилепчанецот Т.З. (43) и за скопјаните Т.Г. (55) и А.О. (49), против кои била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Против Т.Г. и А.О. е поднесена пријава и...

Зел 3.000 евра од бизнисмен, лажејќи дека е висок службеник во УЈП

Дваесет и седумгодишен скопјанец е осомничен дека лажно претставувајќи се како вработен на висока позиција во Управата за јавни приходи(УЈП), успеал од сопственик на тетовска фирма да земе 3.000 евра, ветувајќи му дека, наводно, ќе му помогне да го намири долгот за ДДВ и за персонален данок на рати и со отпис на сумата за камата, соопштуваат од МВР. Против...

Апелација ја потврди пресудата за фризерката што продавала непостоечки станови

Апелацискиот суд - Скопје ја потврди првостепената пресуда со која фризерката Благица Доневска во март минатата година беше осудена на затворска казна од осум и пол години за измама со продажба на станови, пишува порталот „Академик“. Судот, како што пренесува порталот, ја одбил и жалбата на таткото на Дончевска, Ацо Вељановски, кој е осуден на четири и пол години затвор...

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата. Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до...

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...