fbpx

Лажна полицајка од фирми барала пари, како наводни донации за МВР

-

Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје до Јавното обвинитеслтво поднела кривична пријава против 39-годишна скопјанка, која, лажно претставувајќи се како вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР), барала од фирми да донираат пари за Министерството поради ситуацијата во државата.

Како што соопштуваат од МВР, против осомничената С.Ш. е поднесена пријава со која таа се товари за измама и за лажно претставување.

Според полицијата, осомничената, на почетокт на овој месец, телефонски се јавила на раководител на скопското претставништво на фирма од Велес и претставувајќи се во името на МВР, рекла дека компанијата, поради ситуацијата во државата, мора да уплати 30.000 денари на приватна жиро-сметка, која таа ќе им ја даде. Таа на раководителот му ветила пофалница од државата за фирмата, заради дадената помош.

„Истиот ден, 2 јуни, пријавителот телефонски ја известил дека директорот одобрил 20.000 денари, но поради неможност книговодствено да биде оправдан износот на парите доколку биде исплатен од жиро-сметката на правното лице, мора да бидат врачени лично на рака, зашто таа треба да му даде документ. Несакајќи да ја пропушти можноста да ги земе парите, а доведена во ситуација да мора да го открие својот вистински идентитет, пријавената му кажала дека поради смртен случај не може лично да дојде за да ги земе парите, но ќе прати друго женско лице со име С.Ш., притоа најавувајќи се себе, која во нејзино име ќе ги земе парите и ќе му сочини документ за земениот износ“, стои во соопштението на МВР, за случајот.

Сепак, на средбата, осомничената кажала дека не може да издаде документ за парите и понудила фотокопија од лична карта. Во меѓувреме, случајот бил пријавен во полиција, чии екипи ја уапсиле скопјанката и извршиле претрес на багажот и на нејзниот автомобил.

По извршените проверки, полицијата утврдила дека осомничената, во периодот од 29 мај до 2 јуни се јавила во уште четири други фирми, каде исто така барала донации, во износ од 20.000 до 30.000 денари, со изговор дека парите се потребни како финансиска помош на полициските службеници од МВР кои учествувале во неодамнешната акција во Куманово.

Против С.Ш. и предходно биле поднесувани кривични пријави за измама, додаваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...