fbpx
Таг: измама

таг: измама

ИЗМАМА: Фотомонтажа со доктор Нико Беќаровски го претставува уапсен

Сето тоа се прави во една кампања за промоција на препарат кој наводно треба да ги таргетира кардиоваскуларните болести, а за кој во маркетинг кампањата го злоупотребуваат Беќаровски, на начин што го става во конфликт со традиционалната медицина, фармацевтската индустрија и властите, за да лажно се претстави дека „тие сакаат да го скријат препаратот од јавноста кој инаку би...

Измама во Ресен: Со тврдење дека банкнотите од евра и долари се стари, украдени 2,6 милиони денари

Измама со кражба од над 2,6 милиони денари пријавила 64-годишна жена од Ресен. Женско лице ѝ кажало дека треба да ги смени еврата и австралиските долари што ги имала, бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат. Пријавеното лице ѝ рекло на оштетената дека месечно ќе ѝ исплати дел од парите што требало да се променат, информираат од...

Базаро не доделува подароци ако напишете коментар „честитки“

На официјалната страница  на „Базаро“ не е објавена информација за некаква наградна игра каде со едноставен коментар „честитки“ се станува добитник на скапа награда. Станува збор за злоупотреба на брендот и името на „Базаро“, како и на логото на компанијата, со цел да се измамат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Лична карта на жена од Кочани злоупотребена за подигање брз кредит

Нова малверзација со лични карти на граѓаните, кои се злоупотребуваат за подигање на брзи кредити. 44 годишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип е најновата мета на измама, која вчера во 17 часот случајот го пријавила во полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Таа пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за некој во нејзино име...

Наместо да ја чува, сосед се обидел да го украде имотот на 77-годишна жена од Кисела Вода

Случај на измама со обид за одземање на имотот на старо лице е регистриран од полицијата во скопската населба Кисела Вода. Наместо да се грижи за неговата 77-годишна сосетка, жител на Кисела Вода се обидел да ја измами за таа да потпише договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки. Притоа, тој ја држел 77-годишната жена затворена во...

„Филипс“ нема летна распродажба на тримери за 61 денар

Лажна Фејсбук страница на социјалната мрежа Фејсбук го злоупотребува логото на „Филипс“, со цел да се промовира на што повеќе корисници на социјалната мрежа и да ги извлече нивните лични податоци, за потоа истите да ги искористи за некаква измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на Фејсбук го споделува следното: 💥Неверојатна понуда! 😮 Тример Philips Norelco...

Кривична пријава против вработена во скопска осигурителна компанија за измама и фалсификување документ

Скопјанка се сомничи дека како вработена во осигурителна компанија, во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти измамила оштетена, убедувајќи ја дека доколку ѝ даде пари добиени по основ осигурително осигурување во износ од 120.000 денари, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување, соопшти МВР. Против 44-годишната Т.П.М поднесена е кривична пријава поради сомнение...

Техномаркет не доделува 5 илјади долари ако напишете бројка во коментар

Веродостојната фан-страница на „Техномаркет“ има 177 илјади следбеници и изгледа многу поинаку од лажната,  професионално е менаџирана, има податоци за производите, контакти,  промоции, флаери за електрониката и нејзините цени… На оваа страница има голем број попусти на производите во „Техномаркет“, ама нема наградна игри како онаа што се промовира на лажната Фејсбук страница. Кога ќе се погледнат рецензиите на...

Познати лекари злоупотребени за рекламирање капки за слабеење

Во манипулативната реклама за капки Wloss за слабеење, која се шири на повеќе фејсбук страници фотошопирани се фотографии од епидемиологот д-р Никола Пановски и кардиологот д-р Жан Митрев. И двајцата лекари негираат дека препорачуваат вакви производи, пишува Вистиномер.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук во кој е злоупотребена фотографија на д-р Никола Пановски во реклама...

Киппер не доделува мобилни телефони и ваучери ако напишете „честитки“

Самата ФБ страница од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра, а компанијата Киппер на својата официјална Фејсбук страница предупреди дека истата е лажна, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува лажна наградна игра, во која е злоупотребен брендот на Киппер маркет. Во објавата стои: По повод прославата на роденденот на @Kipper Market, секој...

Со злоупотребени фотографии и измислени лекари се рекламира чај што „лекува“ седум болести

На фотографијата којашто се споделува во постот, е познатиот кардиохирург, научник, претседател на  Бакулев медицински истражувачки центар за кардиоваскуларна хирургија во Москва, Лео Антонович Бокерија. Неговата фотографија е злоупотребена при што тој е претставен како извесен Леонард Сараци. Во текстот, пак, споделен во постот, има слика од друг лекар претставен како Ристо Новаковски, за кој се вели дека е...

Измама: За 123 денари нема Самсунг мобилен, туку се добива членство на сајт за видео игри

Постот ги насочува корисниците на Феjсбук на посебна веб-страница, каде од нив се бара да ги внесат личните податоци. Потоа се пренасочуваат кон друга страница, каде пак, од нив се бара да ги остават и банкарски податоци и лажно се известуваат дека со плаќање на 123 денари ќе им биде испорачан телефонот.  Но, доколку внимателно се прочитаат ситните букви...

Уште една измама: Не се продаваат Самсонајт куфери за 123 денари

Измамничка објава на Фејсбук страна нуди на продажба куфери и торби од познатиот светски бренд Самсонајт за само 123 македонски денари. Всушност станува збор за лага, а ако се следат упатствата на објавата за да купите торба ќе дојдедете до некоја организација што ви бара неколку стотина долари донација за да ја продолжеле нивната еколошка мисија во САД, пишува...

Измамничката „наградна игра“: Наместо телевизор од 123 денари, секои 14 дена ќе ви одземаат по 34 евра

Станува збор за измама со големи финансиски импликации за граѓаните кои наседнуваат на неа, бидејќи картичката постојано им се празни за 34 евра на секои 14 дена. Доколку се прочитаат ситно испишаните букви под полињата за банкарските податоци, ќе се види дека со внесувањето на вашите банкарски податоци се зачленувате во извесен клуб Dream Wardrobe, пишува „Вистиномер“ во својата...

Измама: Д-р Кедев и д-р Таточенко, злоупотребени за продажба на нерегистриран лек за хипертензија

Фотографиите на професор д-р Сашко Кедев и на познат руски педијатар се злоупотребени во измамничка реклама за наводен лек за хипертензија и ризик од кардиоваскуларни заболувања. Лекот не е лек затоа што го нема во регистерот на лекови во С. Македонија, ниту пак може да се купи во аптеките низ земјава, туку само онлајн за цена од 1990 денари,...

LG не доделува 150 фрижидери и машини за перење ако споделите пост

Во конкретниот случај се бара да се промовира Фејсбук страницата, да се споделува лажниот пост со лажната наградна игра, се со цел оваа Фејсбук страница да добие голема виралност, да добие голем број на следачи. За оваа цел злоупотребени се брендот, логото и името на LG, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на...

Нема „Филипс“ апарат за кафе за 123 денари

Постот има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби. На Фејсбук страницата „Стор Маседониа“ која го нуди овој производ пишува дека фирмата се наоѓа на улица „Браќа Гиноски“ бр. 29 во Гостивар. Со пребарување на Гугл може да се види дека на оваа адреса...

Измама: „Пандора“ не доделува нараквици за 123 денари

Фејсбук страницата „Пандора јувелирници“ првпат почнува да објавува фотографии од накит на „Пандора“, на 18 мај годинава,  иако овој бренд е присутен на македонскиот пазар од поодамна. Тоа е првиот знак дека Фејсбук страницата од која се споделува „неверојатната понуда“ е неверодостојна, но, има и други показатели: во делот за адресата користени се букви кои не се од македонската...

Уште една измама: Кока-Кола не доделува мини фрижидери

Веб страница регистрирана на крајот од април годинава во Флорида, на македонски јазик пласира лажна наградна игра под брендот на Кока-Кола. Со проверка на факти утврдивме дека станува збор за измама чија цел е да се соберат чувствителни лични податоци на наивните граѓани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук, во...

Лага е дека Техномаркет нуди телефони за 114 денари – станува збор за кражба на лични податоци

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе наидат на овој услов...

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...