fbpx

Базаро не доделува подароци ако напишете коментар „честитки“

Станува збор за лажна наградна игра со цел да се промовира и да се направи популарна новоотворена Фејсбук страница, со злоупотреба на веќе постоечки бренд „Базаро“, нивното лого и име. Брендот „Базаро“ веќе има голем број на следачи на Фејсбук на својата официјална Фејсбук страница на која постојано се пласираат објави со промоции, цени, локации, има официјална адреса каде се наоѓаат продажните објекти, телефонски број за контакт итн.

-

На официјалната страница  на „Базаро“ не е објавена информација за некаква наградна игра каде со едноставен коментар „честитки“ се станува добитник на скапа награда. Станува збор за злоупотреба на брендот и името на „Базаро“, како и на логото на компанијата, со цел да се измамат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

За да го прославиме роденденот на BAZARO, сите што ќе напишат „честитки“ пред 15 август 2023 година ќе добијат ексклузивни подароци од кеси за подароци, пари, нови iPhone-и и ваучери за пазарење, со среќа…

Објавата во моментот на пишување на оваа рецензија има над 730 споделувања, 170 допаѓања и 590 коментари. Она што е забележливо од коментарите под објавата, е дека голем број на корисници на социјалната мрежа Фејсбук искоментирале „честитки“,  мислејќи дека ќе учествуваат во некаква наградна игра.

Меѓутоа, тоа не е така. Станува збор за лажна наградна игра со цел да се промовира и да се направи популарна новоотворена Фејсбук страница, со злоупотреба на веќе постоечки бренд „Базаро“, нивното лого и име. Брендот „Базаро“ веќе има голем број на следачи на Фејсбук на својата официјална Фејсбук страница на која постојано се пласираат објави со промоции, цени, локации, има официјална адреса каде се наоѓаат продажните објекти, телефонски број за контакт итн. Официјалната страница на Базаро може да ја погледнете на следниот линк.

Oваа страница, за разлика од лажната, ја следат 246 илјади луѓе, а лажната страница има само 50 следачи. Исто така, има и интерпункциска разлика во насловот на лажната група, затоа што после името е додадена точка во средината. Следен индикатор кој покажува дека станува збор за нова, невистинита и нерелевантна страница е и тоа што веќе етаблираните брендови кои имаат формирано свое членство и фанови на Фејсбук, не би имале причина да го менуваат тоа со друга страница која би требало да ја
градат од почеток. На лажната страница единствената објава е онаа за непостоечката наградна игра, нема релевантни кредибилни контакт-информации за компанијата, ниту објави за производите или промоциите. Кога ќе се споредат двете страници, веднаш е очигледно колку онаа невистинитата страница е сиромашна со информации и е креирана со единствена цел да привлече следбеници на страницата за таа да биде подоцна преименувана со друго име.

На  официјалната страница  на „Базаро“ не е објавена информација за некаква наградна игра каде со едноставен коментар „честитки“ сите ќе бидат добитници на скапи награди! Станува збор за злоупотреба на брендот и името на „Базаро“, како и на логото на продавницата, со цел да се пласира лажно ветување на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук.

Поради сите горенаведени факти оваа објава ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...