fbpx
Таг: Фејсбук страница

таг: Фејсбук страница

Базаро не доделува подароци ако напишете коментар „честитки“

На официјалната страница  на „Базаро“ не е објавена информација за некаква наградна игра каде со едноставен коментар „честитки“ се станува добитник на скапа награда. Станува збор за злоупотреба на брендот и името на „Базаро“, како и на логото на компанијата, со цел да се измамат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Лажна наградна игра: Нептун не продава правосмукалки за 123 денари

Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разлика од оваа  страница, на официјалната страница на Нептун се наведени адресите,  веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава...

Киппер маркети не доделува ваучери на сите што ќе напишат „Среќна нова година“

Наградната игра споделена во оваа објава е лажна. Страницата од која се споделува оваа лажна наградна игра не е официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите, туку е креирана непосредно пред да се објави лажната наградна игра, веројатно со цел да се шири невистинитата содржина и да се прибираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи. Официјалната страница на Киппер...

Техномаркет не подарува 200 машини за перење

Фејсбук страницата „Техномаркет Фанс“ е лажна, а тоа е повеќе од очигледно, бидејќи нема наведено  фирма, контакт телефон, адреса, ниту локација. На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква наградна игра. Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење.Таков случај...

Измислена наградна игра: Самсунг не доделува 400 мобилни телефони

На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“ не може да се најде објава со ваква содржина. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на Кипер маркет нема ваква објава.Очигледно е дека станува збор за лажна објава, а тоа може да се примети од големиот број грешки во интерпункцијата, граматиката и јазичноста, како и тоа што страницата има само еден...

Со лажна наградна игра и злоупотреба на брендот Киппер се измамуваат корисниците на социјалните мрежи

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира наводната наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Очигледната намена за која е креирана оваа страница и севкупната лажна наградна игра е со измама да се...

Лажна наградна игра: ИКЕА нема да ви даде гарнитура ако напишете во кој месец сте родени

Брендот ИКЕА во случајов е злоупотребен со цел промоција на лажна фан страница на Фејсбук, преку техника со која се сака да се промовира оваа страница односно да се дојде до поголема видливост и повеќе допаѓања. Оваа техника се користи од страна на измамници на Фејсбук, така што страницата ќе добие голем број следбеници, администраторот потоа може да ја...

Преку лажна наградна игра се злоупотребува брендот Икеа

Станува збор за уште една лажна наградна игра, при што се злоупотребува меѓународно познат бренд, овојпат за мебел – Икеа. Станува зор за неавтентична страница, со оглед на тоа што освен наградната игра на неа нема никакви други трансакции, а во делот каде што треба да стојат детали за самата страница и за нејзиниот сопственик, нема ништо – ниту...

Техномаркет не доделува 500 машини за перење

Станува збор за лажна Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“, креирана на 13 јуни која има над 9.000 следбеници. На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква содржина. Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење. Таков случај имаше и во јуни...

Преку лажна наградна игра на Лидл маркетите, се прибираат лични податоци на граѓаните

За наводната наградна игра да изгледа поверодостојно, креирана е фан страница каде што е злоупотребено името и логото на Лидл. Оваа лажна страница не е официјална страница на Лидл на Фејсбук, иако носи исто име. Лидл сè уште нема отворено продавница во С. Македонија, па оттаму не ни може да организира наградни игри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Никола Груевски не е во С. Македонија, ниту, пак, бил во земјава за својот роденден

Објавата дека експремиерот Груевски е во земјава се темели само на тврдењето дека неговата Фејсбук страница има четворица администратори кои се наоѓаат во Македонија, па оттаму се вади и заклучокот дека и Груевски е тука. Логичниот заклучок е дека за високопрофилиран политичар од негов ранг и калибар, којшто е баран во земјава и за него има распишана потерница, за...

Хакери споделуваат несоодветни содржини на Фејсбук страницата на УКИМ

Несоодветни содржини од изминатиов викенд се објавуваат на oфицијалната Фејсбук страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Во петокот, на профилот на УКИМ на оваа социјална мрежа, најпрво во живо, три часа, се пренесуваше видео-играта „League of Legends“ со наслов „Здраво на сите“ на англиски јазик, видео кое подоцна беше отстрането, по што продолжија објавите на смешни...

Вистиномер: Со лажна наградна игра се злоупотребува името на автомобилскиот бренд „Ауди“

Станува збор за лажна Фејсбук страница, во која е злоупотребено името на „Ауди“ со цел да се генерира голем сообраќај и популарност на споменатата ФБ страница. Компанијата „Порше Македонија“, која го застапува автомобилскиот бренд „Ауди“, на својата Фејсбук страница која брои 104.062 следбеници, алармираше  дека се работи за лажна наградна игра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Лажна наградна игра се споделува од лажен Фејсбук профил на ДМ маркетите

ДМ маркетите појаснија дека не организираат никаква наградна игра и не доделуваат ваучери онлајн. Исто така, страницата што го споделува повикот не е официјална на ДМ маркетите, туку е лажна. ДМ маркетите ги повикаа своите потрошувачи да не наседнуваат и да не споделуваат лични податоци, со напомена дека имаат само една единствена официјална Фејсбук страница во РС Македонија и...

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“. Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство - Скопје,...

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...