fbpx

LG не доделува 150 фрижидери и машини за перење ако споделите пост

Во конкретниот случај се бара да се промовира Фејсбук страницата, да се споделува лажниот пост со лажната наградна игра, се со цел оваа Фејсбук страница да добие голема виралност, да стане етаблирана, да добие голем број на следачи

-

Во конкретниот случај се бара да се промовира Фејсбук страницата, да се споделува лажниот пост со лажната наградна игра, се со цел оваа Фејсбук страница да добие голема виралност, да добие голем број на следачи. За оваа цел злоупотребени се брендот, логото и името на LG, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Почнувајќи од денес дистрибуираме 150 фрижидери и машини за перење кои не можат да се продадат бидејќи се изгребани и лесно оштетени, сите фрижидери се во добра состојба и ќе бидат испратени по случаен избор до оние кои споделуваат готови објави и коментари. Проверете дали вашето име веќе е на нашата листа на добитници на награди.

Објавата е споделена 233 пати во момент на објавување на рецензијата и има над 57 коментари. Оттука е евидентно дека голем број на граѓани и поверувале. Но, не е објавена никаква листа на добитници на награди како што се ветува во постот што го рецензираме, бидејќи наградната игра е лажна.

Објавата е споделена од неверодостојна страница на Фејсбук во која се злоупотребува брендот, името и логото на LG. За да се препознае дека станува збор за лажна наградна игра, важно е да се проверува од каде, односно од која Фејсбук страница се споделува наводната промоција. Фејсбук страницата во конкретнтиот случај, нема официјални податоци на фирмата LG, а постот кој го рецензираме е нејзината единствена содржина, ако не се земе предвид насловната фотографија на која е логото, преземено од интернет. Нема адреса на компанијата, телефонски број, продажни салони, веб страница, мејл адреса, ниту пак вообичаени промоции на производи од бела техника, како што би се очекувало и како што е случај со официјалните страници на производителите на бела техника.

Во конкретниот случај се бара да се промовира Фејсбук страницата, да се споделува лажниот пост со лажната наградна игра, се со цел оваа Фејсбук страница да добие голема виралност, да стане етаблирана, да добие голем број на следачи. За оваа цел злоупотребени се брендот, логото и името на LG.

Доколку навистина би имало фрижидери или машини за перење кои се оштетени или имаат гребнантинки, тогаш тие би се продавале во салоните за бела техника ширум државата за пониска цена, или, пак, би биле вратени на производителот, но во никој случај не би биле подарувани за некој да сподели пост и да напише ,,готово”. Самата инструкција „сподели и коментирај готово“ е веќе многу пати користена и злоупотребувана во овие невистинити наградни игри и лажни промоции. Инструкцијата „сподели и коментирај готово“ е премногу лесна инструкција, што е и целта на самиот креатор на овие лажни наградни игри – со цел да се измамат што поголем број на луѓе, инструкцијата односно задачата што треба да ја направат мора да е исклучително лесна за спроведување.

Фотографиите споделени во постот кој го рецензираме исто така се преземени од интернет, односно не се од продажен салон во државата. Дополнително, самиот текст на лажната наградна игра, е автоматизиран, содржи логички и граматички јазични грешки, што, исто така, секогаш треба да им биде црвен аларм на граѓаните да не насееднуваат на ваквите измами.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...