Најнови трејлери за игри на Xbox Showcase 2023

Фотографија преземена од вебсајтот на Starfield
Фотографија преземена од вебсајтот на Starfield - https://bethesda.net/en/game/starfield

Само што се одржа настанот Xbox Showcase 2023, на којшто се појавија мноштво нови трејлери за нови игри, од кои повеќето ќе излезат и за компјутери. Во овој напис ви ги претставуваме најинтересните трејлери од настанот. Најголемо внимание привлече трејлерот за најновата игра Fable:

Додека игрите Fable во RPG жанрот се потврдија како игри со графика како од цртан филм и многу пленеа, особено поради тоа што имаше опција да играте добар или лош карактер и да се креваат левели во недоглед. Но приказните во нив беа поприлично карактеристични за жанрот и генерични.

Овојпат, со новиот трејлер за најновата игра Fable, се нуди новитет со многу хумор, но и акција. Се работи за девојка-хероина којашто во своите авантури налетува на џин вегетаријанец, којшто се бави со производство на растителна храна и мрази херои. Референците се за приказната за магичните семиња кои растат до небото и водат кон богатство што го чува џин – според популарната приказна за деца за магичниот грав.

Но овојпат џинот е млад афроамериканец со очила што си одгледува растенија, преставник на гик културата и вегетаријанството – но случајноста е што презира херои, како негова темна страна. Дејството во играта се одвива на небото и градинарот е џинот кој за себе мисли дека е со нормален раст, што е интересен пресврт во целата приказна. 

Starfield

Starfield е посекако најочекуваната игра во целиот настан. За оваа игра имаме и претходен напис со екстензивни објаснувања, што може да го прочитате тука.

На самиот настан беа посветени 45 минути само за презентацијата на играта. Starfield претендира да биде најдобрата игра со вселенско патување досега. Ќе може да се игра исто како Скајрим – и во прво лице и во трето лице по избор на играчот и да се менува и таа перспектива по желба. Интересното е што можете да одите до секое небесно тело што го гледате од која било планета – на пример, ако гледате месечина на небото може да долетате и да слетате на нејзината површина. 

Секоја планета е различна и има своја флора и фауна, со креативни решенија за варијации на животни. Оваа игра ги има сите предуслови да стане хит. 

Avowed

Ова е игра од девелоперите Obsidian, кои стојат и зад играта Pillars of Eternity II. Кога беше првпат најавена, критичарите ја сметаа за верзија на Скајрим, иако и според најновиот трејлер повеќе ја има атмосферата на Oblivion – играта-претходник на Skyrim од Бетезда. Но овојпат, наместо да градат огромен свет, играта повеќе се базира на тоа што оваа фирма го прави најдобро: раскажувањето приказни.

Еве што велат девелоперите:

„Мислам дека Обсидијан највеќе се покажува како правач на RPG игри, со навистина евокативно и ненаметливо градење на светови, приказни што се повеќе фокусирани на длабочина и широчина и навистина промислен дизајн на квестови кои ги наградуваат истражувањето и експериментирањето од страна на играчите, што им дава чувство на вистинска воспоставеност. А тоа им дава цел спектар од значајни опции со тоа каква ќе биде нивната интеракција со светот или ликовите.”

Играта би требало да излезе годинава. 

Што се однесува до другите впечатливи трејлери – ги има многу, а за другите супер игри, можете да го погледнете долгото видео од целосната презентација Xbox Showcase 2023, каде фигурираат и најновите верзии на Текен и Мортал Комбат: