fbpx
Таг: изградба

таг: изградба

Продолжен рокот за 20 дена за понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта за 20 - тина дена го продолжи рокот за доставување понуди за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Поради голем интерес за поднесување на понуди од компаниите, крајниот рок за нивното доставување е продолжен до 23 септември. Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека постои интерес од домашни и странски...

Невладиниот сектор загрижен поради кратењето на буџетските средства за образование

Граѓанските организации од земјава изразуваат загриженост за намалувањето на финансиите во секторот образование со ребалансот на овогодинешниот буџет. Образованието се наоѓа на третото место според висината на скратените средства со буџетскиот ребаланс. Како што се наведува во соопштението на 14 граѓански организации, најмногу се крати во високото образование – 329 милиони денари, по што следува ставката „инвестиции во образованието“ –...

Рокот за завршување на експресниот пат Штип – Кочани е пролетта 2021 година

Тешка механизација и земјени патишта го менуваат некогашниот пејзаж на зелените оризови полиња, кои овие денови во кочанскиот крај се во фаза на созревање. Машините интензивно работат во делот длабоко зад кочанските села и доколку не се движите по трасираниот земјен пат, тешко дека може да се забележи дека таму нешто се гради. Вчера беше означен почетокот градежните работи од...

Штип може да почне со изградба на мрежата за гасификација во септември

Кон средината на септември, Општината Штип очекува да ги добие основниот и инфраструктурниот проект за почетокот на гасификацијата. Општината чека одговор од Владата по кој модел ќе се гасифицира градот. Дали ќе треба да влезе со сопствени средства, што би бил побавен процес, преку јавно приватно-партнерство или Владата ќе издвои средства. Градоначалникот Благој Бочварски вели дека, Штип со завршувањето на...

Изградбата на новиот Клинички центар ќе трае седум години, ќе чини 500 милиони евра

Новиот клинички центар ќе биде целосно готов за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари кои ќе ги обезбедиме преку банките ,,Ерсте груп", ,,Рајфајзен банк" и ,,Уникредит банка", информира министерот за здравство Венко Филипче. Изградбата најави дека ќе започне на почетокот на идната година. - Првата фаза ќе биде готова за 3,5 години кога би се...

Објавен тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Станува збор за првата подделница, од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, во должина од 2 километри. Краен рок за доставување на понудите од градежните компании е 4 септември, по што ќе се бира најповолен изведувач. Доколку успешно се спроведе...

Сугарески: Реализацијата на магистралниот гасовод во тетовскиот регион достигнува 40 отсто

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на градежните работи на изградбата на патот Тетово - Попова Шапка. Тој додаде дека добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово...

Не е изграден ветениот универзитетски клинички центар во Скопје

Ќе изградиме современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.     Ветувањето на СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.), дека во првите две години по доаѓањето на власт „ќе изградат современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на...

Автопатот „Арбен Џафери“ отворен за сообраќај од Приштина до Блаце

Izvor: Vlada na Kosovo
Косово денеска го пушти во употреба новиот автопат „Арбен Џафери“ што ја поврзува Приштина со Скопје. На свечениот чин присуствуваше целиот државен врв на Косово, македонскиот премиер Зоран Заев, собранискиот спикер Талат Џафери и црногорскиот премиер Душко Марковиќ. На автопатот долг 65,5 километри се наоѓа највисокиот и најдолг мост на Балканот, кој во должина од 6 километри надвиснува над...

Политичарите се караат, изградбата на автопатот Скопје – Блаце доцни

Власта и опозиција на вчерашната собраниска седница се испокараа околу проектот за изградба на автопатот Скопје - Блаце. Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека власта нема ниту еден камен поместено за изградба на оваа автопатска делница. - Едно од изборните ветувања и дел програма на оваа влада беше изградбата на автопатот Скопје - Блаце и да потсетам...

Кочани ќе се задолжува за изградба на нови патишта и улици

Општина Кочани во вторник ќе одржи јавна расправа, на која очекува да ги слушне предлозите на граѓаните за тоа како да ги искористи заемот од близу 45,5 милиони денари од Светската банка. Овие пари целосно се наменети за изградба на нови патишта и улици во градот Кочани и населените места. Дополнително 12 милиони денари, општината од Светска Банка ќе добие...

Сугарески: Се работи на 90 проекти во должина од 700 километри и вредност од 850 милиони евра

Во моментов се работи на преку 90 проекти, патишта, мостови и патарини со вкупна должина од преку 700 километри и вредност од повеќе од 850 милиони евра, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на увидот во реконструкција на регионалниот пат Драчево - Орешани - Таор. „Само преку Јавното претпријатие за државни патишта во првиот квартал реализирани се...

Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за автопатот Скопје – Блаце и за Кичево – Гостивар

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го истакна министерот за фианaнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево. - Договоривме поддршка за идниот период - изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се...

„Синохидро“ одеднаш стана поевтин партнер за градење на македонските патишта

Кинеската компанија „Синохидро“ позната и по разговорите во „бомбите“ за провизиите за изградбата на патот Штип - Миладиновци, во декември минатата година го заврши патот, но доби нова работа во Македонија, но по далеку пониски цени во понудата. Ова денеска во Штип го соопшти директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов. „Синохидро“ изминатиот петок бил воведен во работите на ЛОТ...

Владата подготвува нов закон за градење

Министерство за транспорт и врски преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува нов предлог на закон за градење со образложение дека во постојниот закон постојат одредени недостатоци во областа на градењето. Како главни цели на предлог-законот се наведени подобрување на решенијата во областа на градењето, правата и обврските на учесниците во изградбата, употребата и одржувањето на...

И граѓаните и бизнисмените разочарани од рокот за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Најавата за изградба на автопатот Скопје - Блаце во две фази и за период од 54 месеци, предизвика бројни реакции во јавноста. Граѓани иронично коментираат дека автопатот побрзо би се изградил со копач и со лопата, додека претприемачите велат дека долгиот рок ќе им ја намали добивката и ќе ги зголеми трошоците, пишува Порталб.мк. Во моментот на објавувањето на веста,...

Повеќе од една милијарда евра инвестиции во патната инфраструктура најави Владата

Една милијарда и 270 милиони евра се предвидени за инвестиции во патната инфраструктура, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која беше посветена на изградени патишта лани, проекти кои се во тек, но и изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта за оваа година, во должина од 770 километри, а за кои, парите се веќе обезбедени. „Оваа година ќе има засилени...

Во Кавадарци се изработува физибилити студија за гасификација на градот

Во Кавадарци се предвидува изградба на 22-километарска гасоводна линија, за што е потребна изработка на физибилити студија која треба да биде готова за неколку месеци. Откако ќе се изработат идејниот и основниот проект, кој треба да помине на Советот на општинат, ќе следи формирање на јавно претпријатие за гасификација, најави градоначалникот Митко Јанчев. На поврзувањето на магистралниот гасовод од Неготино преку...

Реџепи: До 2025 година поголемиот дел од градовите и општините ќе бидат гасифицирани

Владата најавува засилени градежни активности за изградбата на гасоводот во 2019 година и за оваа намена во буџетот се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари. Директорот на Македонски енерегетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи во интервју за „Мета“ вели дека нивниот преносен систем ќе биде оперативен за брзо време. Мерно- регулационата станица (ГМРС) Штип ќе може да опслужува во текот на...

Сериозна градежна патна и железничка инфраструктура најавува Анѓушев за 2019

Во организација на Канцеларијата на премиерот се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на оваа средба, вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...