fbpx

Кочани ќе се задолжува за изградба на нови патишта и улици

-

Општина Кочани во вторник ќе одржи јавна расправа, на која очекува да ги слушне предлозите на граѓаните за тоа како да ги искористи заемот од близу 45,5 милиони денари од Светската банка.

Овие пари целосно се наменети за изградба на нови патишта и улици во градот Кочани и населените места. Дополнително 12 милиони денари, општината од Светска Банка ќе добие како неповратен грант, што можат да бидат искористени за реконструкција на веќе постоечката патна инфраструктура.

„Кредитот е извонредно поволен, со камата од 0,01 отсто и грејс период од три години. Заемот е на 10 години и е дел од Проектот за подобрување на општинските услуги“, соопштуваат од Општина Кочани.

Со овие над 57 милиони денари (934.000 евра), се планира изградба на нови 11 улици и патишта.

Од Општина Кочани велат дека се кредитоспособни, што е основен услов за да влезат во групата општини, дел од овој проект на Светска банка. Реконструкцијата на улиците и пробивање на нови улици и патишта е една од основните потреби на граѓаните на Кочани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...