fbpx

„Синохидро“ одеднаш стана поевтин партнер за градење на македонските патишта

-

Кинеската компанија „Синохидро“ позната и по разговорите во „бомбите“ за провизиите за изградбата на патот Штип – Миладиновци, во декември минатата година го заврши патот, но доби нова работа во Македонија, но по далеку пониски цени во понудата.

Ова денеска во Штип го соопшти директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов. „Синохидро“ изминатиот петок бил воведен во работите на ЛОТ 2 на експресниот пат Штип – Кочани, откако го добил тендерот за градба.

-Тука ќе видите и ќе ги посочиме разликите во цените што се давани за Миладиновци – Штип и како сега ги дале за овој пат. Доста се интересни. Има ставки кои биле најмалку три пати поскапи – изјави Китанов.

Директорот објаснува дека изградбата на патот Штип – Миладиновци бил преку склучен договор, додека изградбата на експресниот пат Штип – Кочани е преку тендер, на што се дoлжат и разликите во цените.

Китанов денеска беше во увид на изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш и при тоа соопшти дека завршен е со 35 проценти од позициите. Според динамиката на работа, Китанов очекува овој пат да биде завршен пред предвидениот рок од три години.

Што се однесува до патот Штип – Миладиновци, кој фати пета година во својата иградба, Китанов вели дека патот е завршен. На 19 декември минатата година, Синохидро го информирал претпријатието дека патот е завршен. Но, откако била направена контрола на работите, било утврдено дека не е соодветен излезот за 50-тина куќи во селото Кадрифаково, по што се пристапило кон ново проектирање и изградба.

-Ние овој пат никогаш официјални не го пуштивме за употреба туку се возеше на диво, па имаше и сообраќајќи. Се случуваше преку ноќ со синџири да се отстранат 500-килограмски бариери за да се вози, а еднаш дури откако беше обележан дел од патот, попладнето се тргнаа бариерите и лентите  сосема се избришаа, изјави Китанов.

Според неговите најави, патот Штип – Миладиновци ќе биде пуштен во употреба кон средината или крајот на мај.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...