fbpx

Не е изграден ветениот универзитетски клинички центар во Скопје

-

Ќе изградиме современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.

 [ИЗВОРИзборна програма на СДСМ „План за живот во Македонија“, стр. 137 и стр. 253 , датум:декември 2016]  

Ветувањето на СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.), дека во првите две години по доаѓањето на власт „ќе изградат современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава“досега (27.06.2019) не е исполнето, пишува „Вистиномер“.

Ветувањето е дел од изборната програма „План за живот во Македонија“ и се споменува на две места. Најнапред тоа е наведено во поглавјето „Добро јавно здравство“ – Секундарна и терциерна здравствена заштита (стр.137), а потоа е дадено и во рамките на „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ (стр.253). Што значи, според рокот за реализација наведен во програмата, новиот универзитетски клинички центар требаше да биде изграден најдоцна до крајот на минатиот месец, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Сепак, тоа досега (27.06.2019) не се случи.

Според последните најави, новиот клинички центар допрва треба да почне се гради во Општина Ѓорче Петров, на излезот од Скопје покрај обиколницата  во месноста  Веле Поле. Локацијата е со големина од 140 хектари, а новиот клинички објект се планира да се гради на 90 хектари. Проектот е вреден околу 400 милиони евра и ќе се финансира преку заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Пред дваесетина дена (03.06.2019) Владата донесе Одлука да почне постапката за пренамена на земјоделско во градежно земјиште во Општина Ѓорче Петров за изградба на новиот Клинички центар. Очекувањата на Министерот за здравство Венко Филипче  се  дека новиот клинички центар би можел  да почне да се гради до крајот на годината, а прогнозите  се дека најрано може да биде готов во 2025 година.

Целиот текст може да се прочита на „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...