Анкета: Третина од граѓаните не му веруваат на ниту еден политичар

-

Дури 30,1 отсто од граѓаните немаат доверба во ниту еден политичар, а од оние што сепак им веруваат на политичарите, најголем дел (18,3 отсто ) се определиле за премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Втор „по популарност“ е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со 11,7 отсто, а на третото место е избеганиот поранешен премиер и поранешен шеф на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 5,2 отсто поддршка.

Во поглед на популарноста на партиите, води ВМРО-ДПМНЕ со 25 отсто, потоа е СДСМ со 23,1 отсто, па ДУИ со 5,1 отсто, Алијанса за Албанците (4,2 отсто) и БЕСА (2,1 отсто). Дека нема да гласаат ако утре се одржат парламентарни избори се изјасниле 11,7 отсто од испитаниците, 14 отсто не знаеле за кого ќе гласаат, а 10,5 отсто не одговориле.

Во поглед на промените во популарноста на најголемите партии, споредено со минатата година, опаднала популарноста на СДСМ, од 25,5 отсто во 2018 на 23,1 отсто сега, додека се искачила популарноста на ВМРО-ДПМНЕ, од 20,6 отсто во 2018 година на 25 отсто сега.

До овие сознанија доведува новата анкета на агенцијата „М-Проспект“ за довербата на граѓаните во политичарите и партиите.

Што се однесува до популарноста на политичарите, на четвртото, место, по Груевси, е претседателот на ДУИ, Али Ахмети со 4,2 отсто поддршка, а потоа шефот на државата Стево Пендаровски со 4 отсто и Зијадин Села, со 3,5 отсто.

Во поглед на лидерите на двата најголеми политички блока – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во однос на истата анкета минатата година, опаднал рејтингот на Зоран Заев, бидејќи во 2018 изнесувал 24,1 отсто, а сега 18,3 отсто. Наспроти тоа, пораснал рејтингот на Христијан Мицкоски – од 2,9 отсто во 2018 година, на 11,7 отсто сега.

И етничките Македонци и етничките Албанци во најголем процент не веруваат во ниту еден политичар (28,8 проценти од етничките Македонци и 33,2 отсто од етничките Албанци). Македонците го преферираат Зоран Заев (21,3 отсто), а 16,1 отсто имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски. Етничките Албанци најмногу го бираат Али Ахмети (18,2 отсто), а втор е Зијадин Села (15,9 проценти). За Зоран Заев се изјаснуваат 9,3 отсто, а Билал Касами е избран од 8,4 отсто од испитаниците – Албанци.

Во поглед на поддршката кон политичките партии по етнички клуч, секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ – 34 отсто, додека пак 26,6 отсто би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10,8 отсто би гласале за СДСМ, 22,6 отсто за ДУИ, 19,3 отсто за Алијанса за Албанците, а 9,8 отсто за БЕСА.

Анкетата на М-Проспект е извршена по повод две години од сегашната влада, а била направена теренски од 15 мај до 7 јуни годинава, со национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Податоците се со веројатност на точност од 95% и со грешка +/- 3 отсто.

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во...

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Владеењето на правото стагнираше во изминативе неколку години и затоа треба да имаме конкретни чекори, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас, на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. „Владеењето на...

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Рудникот за олово и цинк Тораница од Крива Паланка ќе биде казнет со казна од 180.000 до 200.000 евра бидејќи во хаварија заради пукната цевка испуштил вода и ја загадил Крива...

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за прием на ученици во некој од 17 јавни ученички домови низ државата. Учениците кои ќе ги исполнат условите ќе добијат сместување...

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната...