fbpx

Сугарески: Реализацијата на магистралниот гасовод во тетовскиот регион достигнува 40 отсто

-

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на градежните работи на изградбата на патот Тетово – Попова Шапка.

Тој додаде дека добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар а овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти.

Сугарески очекува догодина, најпрво институциите да се приклучат на гасоводот, а потоа домаќинствата во Тетово.

Инаку, денеска претпријатието „Македонски енергетски ресурси“ распиша тендер за  испитување прв технички преглед пред ставање во употреба на магистрален гасовод за делница Неготино (Кавадарци) – Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...