fbpx
Таг: истрага

таг: истрага

Обвинителството ги истражува причините за смртта на родилката од Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово почнало предистражна постапка за причините за смртта на 37-годишната родилка од Крива Паланка, која вчера починала откако ѝ се влошила состојбата по породувањето во кумановската општа болница, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, родилката вчера била донесена на одделението за гинекологија и акушерство во кумановската болница, каде по неуспешниот обид за спонтано породување, било...

ЕП ќе формира комисија за документите од Панама

Комисија составена од 65 члена ќе има 12 месеци за да изработи и да достави извештај до Европскиот парламент за документите од Панама, соопштија од прес-службата на ЕП. Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци. Мандатот на комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и од лидерите на политичките групи, а...

СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за околностите за смртта на Крпач. Ристоска...

Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги почитува своите уставни обврски и дека ќе овозможи реализација на владеење на правото. Сè уште го очекуваме одговорот на прашањето што му го упативме, во врска со тоа од каде Иванов има информации за наши тајни предмети“, изјави на денешната прес-конференција Ленче Ристоска, обвинителка и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство. Ристоска изјави дека на...

Брисел почна истрага за владиното субвенционирање нискобуџетни авиолетови

Портпаролот на Европската комисијата, Јакуб Адамовиц, потврди дека Брисел почнал истрага за владиното субвенционирање на нискобуџетни авиолетови кои за македонските граѓани обезбедуваат евтини летови. Според Адамовиц, Брисел е свесен за загриженоста на некои авиокомпании и аеродроми на Балканот во однос на она што се случува во Македонија, за што, според него, од ЕК се во контакт со надлежните власти во македонската...

Тела на младенчиња тигри најдени во фрижидер во Тајланд

Четириесет тела на младенчиња тигри биле пронајдени во фрижидер во будистички храм во Тајланд, кој е под истрага за трговија и злоупотреба на животни, јавува „Би-би-си“. Полицијата и службите за заштита на животни вчера започнале операција за отстранување на сите живи тигри од локацијата Канчанабури, која е позната како Храм на Тигрите. Во фрижидерот, според Том Тејлор од фондацијата „Пријатели на...

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите. „Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“. Египетскиот министер за цивилна авијација, како што пренесува...

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции. Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини. Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници. Во соопштението на обвинителство било наведено дека обвинетите...

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше. Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но побара и дополнителни вештачења и...

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со повеќе детали за целиот случај. Граѓаните...

Обвинителство: Во податоците од СЈО нема докази дека Крпач бил под притисок

Во податоците што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги доставило до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја истражува смртта на Коста Крпач, немало ниту еден доказ дека тој бил под притисок, тврди ОЈО Скопје. Во денешното соопштение на јавното обвинителство се вели дека околу смртта на Коста Крпач во јавноста „се шират бројни шпекулации што ѝ попречуваат на истрагата и создаваат...

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач. Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот. Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни наоди кои ги побара Обвинителството во...

СЈО: Крпач доброволно се јави како сведок, знаеме за притисоци врз него

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) најостро ги демантира наводите на одредени медиуми дека правело каков било притисок врз сега покојниот Коста Крпач. „Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова јавно обвинителство и имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката...

Во „Мосак Фонсека“ пронајдени уништени документи

Панамските истражители во текот на истрагата на канцеларијата на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ пронашле остатоци од уништени документи. „Одзедовме големо количество докази што ги најдовме во просториите на компанијата“, изјави вештакот за организиран криминал, Хавиер Карабаљо. Тој наведе дека помеѓу одземените документи имало многу хартии кои биле уништени во машини за уништување документација. Компанијата „Мосак Фонсека“ издаде соопштение во кое тврди дека хартиите...

СЈО отвори истражна постапка против битолскиот градоначалник, Владимир Талески

Нова истражна постапка, под име „Транспортер“, отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во која ги испитува сомнежите за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на 22 лица, меѓу кои и градоначалнкот на Битола, Владимир Талески, како и претседателот на општинската комисија за јавни набавки. Тие, како што на денешната прес-конференција најави обвинителката Фатиме Фетаи, се осомничени дека со злоупотреба...

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските и за контактите со соработници...

ТМ: Надлежните да спроведат истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите

Изјавата на белгискиот експерт Питер Ванхауте дека постојат силни индиции за злоупотреба и за корупција при трошењето на дури 40 отсто од средствата од ИПА-фондовите кои ѝ биле доделени на Македонија, е уште еден финансиски скандал што ги потврди сериозните сомневања кај невладиниот сектор во земјата и на меѓународните организации за степенот на корупција во највисоките ешалони на власта - се вели во...

Панамското правосудство ќе отвори истрага за „Панама пејперс“

Правосудството на Панама ќе отвори истрага за светскиот даночен скандал „Панама пејперс“, кој вклучува политички лидери и познати личности од светот на економијата и на спортот, соопштија панамските власти. - Фактите опишани во домашните и во странски медиуми под името „Панама пејперс“ ќе бидат предмет на истрага – се наведува во соопштението. Неколку земји почнаа истрага за перење пари врз основа...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи...

Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добило сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска. Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес. - Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно ги баравме регистарските влошки за одредени...