fbpx

Обвинителство: Во податоците од СЈО нема докази дека Крпач бил под притисок

-

Во податоците што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги доставило до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја истражува смртта на Коста Крпач, немало ниту еден доказ дека тој бил под притисок, тврди ОЈО Скопје.

Во денешното соопштение на јавното обвинителство се вели дека околу смртта на Коста Крпач во јавноста „се шират бројни шпекулации што ѝ попречуваат на истрагата и создаваат притисок врз институциите“, а обвинителството со внимание ги следи и ги истражува сите објавени и добиени информации за целосно да го истражи случајот.

„Меѓу објавите, беше и соопштението дадено од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, во кое истакнува дека, цитираме: ‘Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач’… Основното јавно обвинителство Скопје испрати барања до повеќе институции, меѓу кои и до тоа обвинителство, во кое се бараше да му се достават сите податоци и документација на која во изјавата тоа обвинителство алудираше, односно да ги достават сите докази за релевантни факти, вклучително и за притисокот под кој се наоѓало лицето Коста Крпач. Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не е доставен ниту еден доказ ниту, пак, каква било релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува случајот“, стои во соопштението на јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека биле издадени голем број наредби за вештачења, анализи, прибирање податоци и документација, а во тек било повикување и се вршеле разговори со лица „за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот“.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека го прифатило барањето на Основното јавно обвинителство за меѓуинституционална соработка во врска со испитувањето на околностите за смртта на Коста Крпач и доставило податоци што можат да помогнат за расчистување на случајот.

Како што информира СЈО, од скопското обвинителство им биле побарани и податоци за предистражната постапка за случајот во кој сведок бил Крпач, но тие информации не им ги доставиле, туку само тие што „можат да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на Коста Крпач“.

Од СЈО велат дека во целост соработуваат со ОЈО Скопје, но дека од другата страна отсуствува ваков однос на „целосна и професионална соработка“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...