fbpx

Во „Мосак Фонсека“ пронајдени уништени документи

-

Панамските истражители во текот на истрагата на канцеларијата на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ пронашле остатоци од уништени документи.

„Одзедовме големо количество докази што ги најдовме во просториите на компанијата“, изјави вештакот за организиран криминал, Хавиер Карабаљо.

Тој наведе дека помеѓу одземените документи имало многу хартии кои биле уништени во машини за уништување документација.

Компанијата „Мосак Фонсека“ издаде соопштение во кое тврди дека хартиите биле уништени поради рециклажа. Во соопштението се нагласува дека сите податоци се чуваат во електронски облик и дека истражителите веќе ги добиле копиите во текот на претходниот претрес.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ доби голем број документи од компанијата „Мосак Фонесека“ од анонимен извор и ги подели со повеќе од 100 медиумски групации преку Меѓународниот конзорциум за истражувачки новинари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...