СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска.

Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за околностите за смртта на Крпач.

Ристоска посочи дека поради тајноста на предистражната постапка што тие ја водат, како и на постапката на ОЈО Скопје, засега не можат да соопштат други детали околу овој случај.

– Лицето Коста Крпач, како што веќе соопштивме, доброволно се пријави да биде сведок во една предистражна постапка, која сè уште не објавена во јавноста. Ние имаме изјава од лицето Коста Крпач со која тој нам ни укажува дека постоеле такви закани. За тоа е известено ОЈО Скопје. Доказите што ги поседуваме се тука, кај нас, меѓутоа доставени се до ОЈО Скопје сите релевантни докази што можат да им послужат во таа постапка. Кога ќе заврши предистражната постапа во ОЈО Скопје и кога ќе постојат услови за објавување на исходите од нашата постапка, јавноста ќе биде известена за сите околности во тој случај – рече Ристоска.

Обвинителката, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Министерството за внатрешни работи не било известено за пријавувањето на Крпач за сведок бидејќи тој барал статус на заштитен сведок.

– Неговото пристапување кон нас не е пријавено во МВР затоа што кога имате лице кое бара статус на заштитен сведок, ваша должност е да го сочувате неговиот идентитет, а не во МВР да пријавите дека тоа лице бара таков статус од вас и се соочува со закани – изјави Ристоска.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека предистражната постапка утврдила дека Коста Крпач, кој на 27 април годинава беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, со прострелна рана во градите, извршил самоубиство.

Во краткото соопштение од јавното обвинителство беше наведено дека иако предистражната постапка е тајна, тие ја споделуваат оваа инфромација со јавноста за да ги отстранат шпекулациите околу околностите за смртта на Крпач.

Од Обвинителството посочуваат дека и понатаму продолжуваат истражните дејства за утврдување на причините и на околностите за смртта на Крпач.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...