среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација | 21 резултати

Герила акција на Меѓународниот ден на младите: Зајакната младина денес значи подобро утре!

август 12, 2024

По повод Меѓународниот ден на младите, 12 Август, асоцијацијата #ХераМлади организираше герила акција со цел да се зголеми свесноста кај младите, потенцирајќи дека нивните идеи, нивната вклученост во општествениот живот е од важност токму за нив самите. „Со активно вклучување на младите ќе се искористи нивниот потенцијал и капитал, а истовремено ќе се мотивираат да […]

„Тој само ме турна, црвенилото e од алергија, а повредите од нервоза“ – срамот од семејно насилство посилен од болката

август 1, 2024

„Што не си замине од него, ако ја тепа?“, „Што бара да седи со таков човек“, „Нека си ги земе децата и нека си оди“, се само дел од наративите во јавноста за жените – жртви на семејно насилство. Моралните судови постојат на секој чекор, без притоа да се земат предвид многу отворени прашања – […]

Семејно насилство: Од ќотек до пресуда поминале шест години, насилникот одамна е во бегство

јули 9, 2024

Најголемиот број казни што сторителите на семејно насилство ги добиваат во Основниот кривичен суд во Скопје се условни, што практично значи дека лицата кои вршат семејно насилство остануваат на слобода, под услов да не сторат ново кривично дело во одреден период. Според податоците што ги обезбеди Мета.мк, од 2020 година до мај годинава, дури 198 […]

ХЕРА: Над 700 девојки од земјава на возраст меѓу 15 и 19 години станале мајки

јуни 19, 2024

Дури 52 проценти од девојчињата на 15-годишна возраст и 29 отсто од момчињата на иста возраст страдаат од повеќе психосоматски симптоми истовремено, повеќепати неделно. Во 2022 година кај нас над 700 мајки биле девојки на возраст меѓу 15 и 19 години, кој кај нас е три пати поголем од просекот во земјите на ЕУ. Потребни […]

ХЕРА: Момчињата и мажите потешко ги изразуваат своите емоции и поретко бараат помош кога им е потребна

мај 15, 2024

Мажите и момчињата потешко ги изразуваат своите емоции и поретко бараат помош кога им е потребна. Во нашата култура често се промовира идејата за „силен маж“ – маж кој не зборува за своите емоции, маж кој не плаче и самиот ги решава своите проблеми. Овој стереотип создава огромен притисок и ги спречува мажите да ги […]

Младите бараат поддршка против насилство и табуа, но не секогаш ја добиваат

ноември 14, 2023

Aлармантни се податоците за менталното здравје и за општата добросостојба на младите. Над 90 отсто од младите на возраст од 11 до 15 години и нивните родители не ја добиле потребната поддршка за време на ковид пандемијата. Ова беше потенцирано на вчерашната панел-дискусија „Колку се важни образовните програми за благосостојбата и менталното здравје на младите?“, […]

Непланираната тинејџерска бременост кај нас е три пати повисока од просекот на ЕУ

септември 26, 2023

Околу 36 проценти од момчињата и 3 проценти од девојчињата на 15-годишна возраст веќе имале сексуално искуство. Заштитениот сексуален однос е пракса кај само 20 отсто од девојчињата и 62 отсто од момчињата меѓу албанското население и кај 64 отсто од момчињата и 52 отсто од девојчињата меѓу македонското население. Како последица, стапката на непланирана […]

Кај Ромка откриен карцином на грло на матка, по години поминати во срам и во беспарица за да посети гинеколог

септември 12, 2023

Околу 30 отсто од Ромките немаат матичен гинеколог, а 38,5 отсто никогаш не го контактирале својот матичен лекар по телефон. Половина од Ромките не прават ПАП-тест редовно, најмногу поради тоа што немаат матичен гинеколог, а дваесет отсто никогаш не направиле ПАП-тест. На стоматолог, без да имаат некој проблем, не одат 72 отсто од Ромките. Овие […]

Жена со церебрална парализа живее во зграда без лифт – матичниот лекар одбивал да дојде кога имала ковид

септември 6, 2023

Од 23 до 37 проценти од анкетираните жени со попреченост чувствуваат дискриминација кога одат кај матичен лекар, а повеќе од половината сметаат дека просториите на избраните лекари од различна дејност не се или се делумно пристапни. Проблем со основна физичка пристапност до ординациите е констатиран дури и во јавни здравствени установи. Ова се клучните наоди […]

Советувалиштето ЕХО од Штип успешно обезбедува помош на жртвите на насилство во целиот источен регион

септември 19, 2022

Специјализираното советувалиште за жртви на родово засновано и семејно насилство ЕХО – Штип веќе 9 месеци е пример за обезбедувањето квалитетни, доверливи и бесплатни услуги за најзасегнатите од насилство. Денес во посета на организацијата беше министерката за труд и социјална политика м-р Јованка Тренчевска, претставници на канцеларијата на UN Women во Скопје и претставници од […]

Младите за време на ковидот се соочиле со ограничен пристап до информации за сексуално и репродуктивно здравје

јуни 24, 2022

Младите се соочиле со сериозни потешкотии да дојдат до информации и услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје во време на ковид-19 пандемијата, што довело до зголемено чувство на несигурност кај нив. Ова го покажало Истражувањето за влијанието кое ковид-19 пандемијата го имаше врз сексуалното и репродуктивното здравје и права кај младите во Македонија кое […]

ХЕРА го отвори младинскиот центар „Сакам да знам“ во Куманово

мај 6, 2022

Во Куманово денеска беше отворен првиот младински центар „Сакам да знам“ во градот од страна на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Локацијата е отворена во соработка со Здравствениот дом во Куманово, каде што и ќе биде сместен центарот, информираат од ХЕРА. Овој младински центар, прв од ваков вид во Куманово, ќе нуди […]

Борбата на организациите за Програмата за заштита од ХИВ полека тоне во финансиска празнина

април 12, 2022

Во 2017 година Владата на Република Северна Македонија ги презеде сите финансиски одговорности за спроведување на програмите за заштита и превенција од ХИВ (вирусот што предизвикува хумана имунодефициенција) со што ја продолжи работата на Глобалниот фонд за борба против СИДА (синдром на стекнат имунолошки дефицит) што дотогаш инвестира 25,7 милиони долари за градење на националниот […]

Во понеделник граѓански протест за луѓето кои живеат со ХИВ: „НЕ за штедење од здравјето на луѓето!!!“

април 2, 2022

Во понеделник, со почеток во 11 часот пред Владата на Република Македонија, здруженијата во склоп на Платформата за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ ќе одржат граѓански протест: „НЕ за штедење од здравјето на луѓето!!!“ за неодамнешната одлука на Владата да го намали за 40 отсто буџетот одвоен за лекување […]

ХЕРА: Не само што не се намалува, туку невработеноста на Ромките постојано се зголемува

февруари 8, 2022

По направената анализа и мониторинг на вработеноста на Ромките во државните институции, со долгогодишни напори за подобрување на ситуацијата со невработеноста, поразително е да се каже дека истата во 2020 процентуално се зголемила за 57 отсто во однос на 2019 година, велат од Групата за застапување за еднкави можности при вработување што го спроведува истражувањето […]

Лагите и говорот на омраза онлајн се претворија во напад и закана по живот за вработените во ХЕРА

јануари 21, 2022

Неодамна се случи напад врз вработена во ХЕРА во просториите на младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно од страна на непознато лице, информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА.  Нападот бил извршен од страна на возрасно машко лице. Имено, тој влегол во Центарот за да се информира за достапните услуги, наводно […]

Грижи се машки – Вклучување на мажите во превенција на родовото насилство

декември 10, 2021

Во присуство на домашни и странски говорници, вчера 9 декември, се дискутираше за советувањето и работата со сторители на родово базирано насилство, аспектот на превенција на родово базираното насилство и поголемо вклучување на мажите во борбата против оваа појава. Конференцијата во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација […]

Страна 1 од 1