fbpx

ХЕРА: Не само што не се намалува, туку невработеноста на Ромките постојано се зголемува

-

По направената анализа и мониторинг на вработеноста на Ромките во државните институции, со долгогодишни напори за подобрување на ситуацијата со невработеноста, поразително е да се каже дека истата во 2020 процентуално се зголемила за 57 отсто во однос на 2019 година, велат од Групата за застапување за еднкави можности при вработување што го спроведува истражувањето за вработеноста на Ромките во државава.

Групата е составена од Ромки активистки и функционира во рамките на проектот „Вработена Ромка = Независна Ромка“, кој е имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Во истражувањето на Групата влегуваат две извршени анализи, односно мониторинг извештаи за вработувањето Ромки во државните институции и за искористеноста на активните мерки и услуги за вработување од страна на Ромките за 2020 година.

Според едното истражување, зголемување на невработеноста се забележува и кај младата популација на возраст од 20 до 24 години – што се проценува за пораст од 104 отсто. За 96 отсто е зголемен бројот на невработени Ромки со завршено средно образование, а процентот на регистрирани невработени Ромки со завршено високо образование пораснал на 40 отсто.

„Невработеноста на Ромките не само што не се намалува туку има тенденција на постојано зголемување“, потенцираат од Групата за застапување за еднакви можности при вработување.

Жените Ромки речиси и воопшто го немаат искористено своето право за информирање за мерките и услугите за вработување, што Министерството за труд и социјална политика го однесе со усвојувањето на вториот Национален акциски план за унапредување на општествената состојба на Ромките во Македонија уште во 2010 година.

За ова сведочи и новата анализа од страна на Групата од каде дошле до податоците дека само 205 Ромки искористиле некоја од мерките за вработување, додека само 4,1 отсто од нив добиле некоја од услугите за вработување. Со ова се појаснува сликата за високиот степен на незапознаеност на Ромките со мерките и услугите на пазарот на трудот, што се потврдува и со наодот дека дури 53 отсто од нив не знаат и не се информирани за мерките и услугите за вработување.

„Оваа состојба е директна последица од несоодветниот пристап, како и необученост за давање поддршка од институциите при остварување на правото на вработување од страна на маргинализираните групи. За ова говори и податокот дека ниту една Ромка не е вработена во 30-те центри за вработување, а притоа, вработените во центрите за вработување не добиле специјализирана обука за работа со Роми како посебна целна група“, стои во соопштението од Групата.

Според истражувачите вклучени во проектот, ова се само дел од податоците до кои тие успеале да дојдат во 2021 година.

„Од друга страна, подеднакво поразително е што речиси и да нема Ромки на раководни позиции во нашата држава. Ова го илустрира податокот дека само 6 Ромки се вработени на раководни позиции од вкупно 156 мониторирани државни институции. Сè додека не се направат системски решенија, социо-економската положба на Ромките ќе останува на маргините на нашата држава. Токму затоа, Групата за застапување апелира да се воведат квоти за Ромки засновани на родово сензитивен механизам за нови вработувања, со што би се зголемил бројот на високо квалификувани Ромки на раководни позиции“, истакнуваат од организацијата ХЕРА и Групата за застапување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...